Селани им плетат џемпери на слоновите за да ги заштитат од студот


Селани им плетат џемпери на слоновите за да ги заштитат од студот

Приказна што ќе ви ја врати вербата во добрината на луѓето. Доказ дека малите дела прават голема разлика.

selani-im-pletat-djemperi-na-slonovite-za-da-gi-zashtitat-od-studot-01.jpg

Климатските промени предизвикуваат низа проблеми, а поради нив многу животни се во опасност да бидат истребени од нивните природни живеалишта.

Многу луѓе веруваат дека не можат да сторат ништо за да им помогнат на животните, но не е точно, дури и малите дела прават голема разлика.

selani-im-pletat-djemperi-na-slonovite-za-da-gi-zashtitat-od-studot-02.jpg

Жителите на едно село во Индија пронајдоа нов начин да им помогнат на слоновите во овој реон. Тие им плетат џиновски, шарени џемпери на слоновите во резерватот „Wildlife SOS Elephant Conservation and Care Centre“.

selani-im-pletat-djemperi-na-slonovite-za-da-gi-zashtitat-od-studot-03.jpg

Можеби звучи смешно, но овие џемпери се доволна изолација за на слоновите да им биде топло кога температурите ќе опаднат повеќе од вообичаено во овој дел од светот.

Во ова прифатилиште има повеќе од 20 спасени слонови и тоа од нелегални продажби до злоупотреби и искористување.

selani-im-pletat-djemperi-na-slonovite-za-da-gi-zashtitat-od-studot-04.jpg

Овие слонови биле запоставувани во минатото и сега се ранливи при екстремни температури. Студот им предизвикува артритис и стануваат подложни на пневмонија, која може да ги убие.

Запознајте ги инспиративните селани:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скоро како дома: ИКЕА во Италија ги прибира бездомните кучиња за да ги... Клиентите се воодушевени од овој потег на компанијата и ставаат фотки на социјал...
20 видови ретки животни што наскоро може да бидат истребени (фото) Ловот, загадувањето, сечењето на шумите и уништувањето на природните живеалишта ...
Како да им помогнете на милениците и бездомните животни полесно да ја ... Како што температурите паѓаат и зимата почнува да се чувствува, така треба да ра...