Колку често треба да го бањате вашето куче?

Мислењата се, како и секогаш, поделени. Повеќето кучиња не треба да се бањаат повеќе од еднаш на секои две недели. Ако живеат во чиста околина, понекогаш тој број може да биде уште помал. С

Kolku cesto treba da go banjate vaseto kuce 01

о капење на кучето сопственикот одржува контакт со сите делови на кучето, па понекогаш може да открие здравствени проблеми или проблеми како што се грутки, испакнатини или инфекции.

Не треба да се претерува

Важно е да знаете дека со често капење од кожата и влакната на кучињата се мие есенцијалното масло, што резултира во сува, иритирана и сува кожа.

Меѓутоа, ако треба да го бањате вашето куче почесто од секои две недели, користете хидратантни шампони или хидратантни регенератори за да ги надоместите маслата што исчезнале со миењето.

Kolku cesto treba da go banjate vaseto kuce 02

Како да го бањате вашето куче?

Важно е да го измиете целиот сапун од кожата. Ако сапунот се суши на кожата, ова може да предизвика иритација и воспаление, осип, опаѓање на влакната па дури и лезии на кожата.

Користете млака вода за да ја намалите количината на чешањето предизвикано од самата бања. Најдобро е да употребувате црево или туш.

Сопствениците на миленичињата секогаш се шегуваат дека мачките мразат вода, но постојат и кучиња кои не сакаат вода и капење.

Kolku cesto treba da go banjate vaseto kuce 03

За да го направите капењето по пријатно, за вашето исплашено куче, користете мали трикови, како што се храна, чешкање на омилените делови од телото и играње со омилената играчка додека го бањате.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...

Најчитани неделава