Колку е паметно кучињата и мачките да се хранат вегетаријански?

За разлика од кучињата, мачките се, сепак, вистински месојади. Ова значи дека за некои важни хранливи материи, тие целосно се потпираат на животинско месо.

Kolku e pametno kucinjata I mackite da se hranat vegeterijanski 01

На пример, луѓето и кучињата можат да го претворат бета-каротинот од растителната храна во активен А-витамин. Мачките не можат, туку мора да го примат директно од месото. 

Колку е, тогаш, паметно кучињата и мачките да се хранат вегетаријански?

Постојат некои масни киселини кои се клучни за мачките, а ги има само во животинските масти. Покрај другите хранливи материи, витамин Д, Б12 и таурин, аминокиселината која се наоѓа во ткивото на цицачите (кучињата и луѓето можат да ги синтетизираат од растителни извори).

Кај мачките, недостаток на таурин може да предизвика срцеви заболувања, како и проблеми со видот.

Покрај тоа, скоро и да не постои истражување за здравјето на вегетаријанските мачки. Истражувањата се спроведени на многу малку животни, што ги загрижува ветеринарите.

Kolku e pametno kucinjata I mackite da se hranat vegeterijanski 02

За разлика од мачките, кучињата се далеку од своите предци (волци). За време на процесот на припитомување дури 10 гени, поврзани со варењето на скробот, значително се променија.

Сепак, кучето не може да се стави на вегетаријанска исхрана заради некои специјални аминокиселини. 

Кучињата не можат лесно да произведат витамин Д од сончевата светлина (како луѓето) и треба да го добијат од животинските производи. Сепак, вегетаријанската исхрана, со голема претпазливост, е изводлива. Друг проблем е квалитетот на вегетаријанската храна за домашните миленици.

Kolku e pametno kucinjata I mackite da se hranat vegeterijanski 03

Решението е, велат експертите, намалување на консумација на месото за кучињата и мачките, но со надзор на ветеринар.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава