Мајмун се обидува да избега од зоолошка кршејќи го стаклото со камен (видео)

Доколку сте его изгледале Planet of the Apes, сигурно барем еднаш сте си помислиле дека во филмот има доза вистина. Мајмуните се навистина интелигентни суштества, а шоуто што го приреди еден мајмун во зоолошка во Кина го докажува тоа.

videi-shto-gi-zachudi-site-majmun-se-obiduva-da-izbega-od-zooloshka-krshejki-go-stakloto-so-kamen-01_copy.jpg

Посетителите во зоолошката Zhengzhou во Кина сведочеле нешто навистина неверојатно – еден мајмун се обидел да го скрши стаклото од неговиот кафез со камен. Уште почудно е што мајмунот претходно го острел каменот, односно од него си направил алат.

videi-shto-gi-zachudi-site-majmun-se-obiduva-da-izbega-od-zooloshka-krshejki-go-stakloto-so-kamen-02.jpg

videi-shto-gi-zachudi-site-majmun-se-obiduva-da-izbega-od-zooloshka-krshejki-go-stakloto-so-kamen-03.jpg

Но посетителите не биле единствените исплашени од настанот. Штом стаклото пукнало, мајмунот се исплашил и избегал. Сепак, од љубопитност, веднаш потоа се вратил, па дури и го допрел скршеното стакло.

videi-shto-gi-zachudi-site-majmun-se-obiduva-da-izbega-od-zooloshka-krshejki-go-stakloto-so-kamen-04.jpg

Тиан Шулијао кој работи во зоолошката споделил дека овој мајмун бил навистина необичен:

„Овој мајмун не е како другите. Тој знае како да користи алати и да ги крши оревите. Кога им даваме ореви на другите мајмуни, тие само ги гризaат. Но тој никогаш досега не го удрил стаклото. Ова е прв пат.

Стаклото е зајакнато па не може да избега. После настанот ги собравме сите камења и му ги земавме ’орудијата‘ на мајмунот. “

https://www.youtube.com/watch?v=cR7WwMUhpk8

Можеби не сте знаеле, но многу малку животни знаат како да користат алати. На пример, шимпанзата користат алати од камен, па дури прават и копја.

Враните, пак, како алати користат гранчиња, а понекогаш и нивните пердуви. Исто вешти се и морските животни. На пример, морските видри користат камења со кои ги кршат школките. Октоподите, пак, користат кокоси како штит.

Сепак, овој мајмун навистина е за восхит бидејќи на некој начин ни овозможува да видиме како изгледа еволуцијата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
7 забавни факти за слоновите - Ги „погребуваат“ нивните мртви, може да изодат 120 километри дневно Слоновите покажуваат огромна емоционална интелигенција. Тие се едни од ретките ж...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Најсмртоносните животни и инсекти за луѓето (дел има и во Македонија) Што мислите, кој убива повеќе луѓе годишно – отровните змии или комарците? Шт...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
5 најчести заблуди поврзани со мачките Сакаат да пијат млеко и секогаш се дочекуваат на нозе? Не баш. Кои се најчестите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg