Во Холандија се вдомени сите улични кучиња - Пример што треба да го следиме сите

Изгледа дека во Холандија повеќе нема кучиња скитници.

prekrasni-vesti-vo-holandija-se-vdomeni-site-kuchinja-skitnici-01.jpg

Власта ги презела сите потребни мерки, со цел да го реши проблемот со напуштени кучиња, почнувајќи со апел до граѓаните да не купуваат кучиња, туку да вдомуваат.

Се претпоставува дека ширум светот има над 200 милиони кучиња скитници. Најголемиот дел се наоѓаат во Бали, Индонезија и поголемите градови во Индија. На овие места, кучињата скитници се прифатени како секојдневие.

prekrasni-vesti-vo-holandija-se-vdomeni-site-kuchinja-skitnici-02.jpg

Но, овој проблем не е само во Азија. Всушност, само во САД, секоја година, 3,3 милиони кучиња завршуваат во засолништа за животни.

Но во Европа, во Холандија, ситуацијата е целосно под контрола. Властите тврдат дека на улиците повеќе нема кучиња, благодарение на нивното делување - тие ја започнале програмата CNVR, односно Collect, Neuter, Vaccinate and Return (Земи, кастрирај, вакцинирај и врати).

Холандија има и полициска служба за животни, која внимава на животните и ги казнува луѓето кои им наштетуваат.

prekrasni-vesti-vo-holandija-se-vdomeni-site-kuchinja-skitnici-03.jpg

Граѓаните можат и да се јават во оваа служба доколку видат куче скитник. Службата веднаш ќе го спаси животното и ќе го префрли во засолниште со политика без убивање.

Истовремено, граѓаните се охрабрени да вдомуваат, а не да купуваат миленици. Во некои општини дури има и поголеми даноци за купени кучиња, за луѓето да се мотивираат да вдомат.

Зошто да вдомите куче скитник?

Оваа вест за Холандија може да биде одлична лекција за сите нас.

Ако барате куче, најпрво упатете се во засолниште, бидејќи сигурно има животно кое чека да биде вдомено.

prekrasni-vesti-vo-holandija-se-vdomeni-site-kuchinja-skitnici-04.jpg

Засолништата за кучиња се секогаш преполни, а со вдомувањето ќе направите место за нови кучиња скитници.

Покрај тоа, кога ќе вдомите, најверојатно ќе го спасите кучето од евтаназија.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg