Кученце „еднорог“ се родило со опашка на челото

Повеќето од нас се фасцинирани од секое животно со крзно – хрчаци, зајаци, кучиња, мачки…

kuchence-ednorog-se-rodilo-so-opashka-na-cheloto-01.jpg

Овие животни се и најчестиот избор за миленици, не само поради нивниот изглед, туку и поради нивниот карактер.

И иако сите кучиња се слатки и заслужуваат внимание, ова кученце дефинитивно се издвојува од другите – тоа е родено со опашка на неговото чело.

kuchence-ednorog-se-rodilo-so-opashka-na-cheloto-02.jpg

kuchence-ednorog-se-rodilo-so-opashka-na-cheloto-03.jpg

Кученцето, кое го добило името Нарвал, било најдено како лута на студот, заедно со постаро куче. Нарвал бил пронајден од служба за спасување животни во Џексон, Мисури.

Оние кои го спасиле кученцето веднаш помислиле дека личи на еднорог, па оттаму и неговото име – нарвал се вид китови кои имаат рог на челото.

kuchence-ednorog-se-rodilo-so-opashka-na-cheloto-04.jpg

kuchence-ednorog-se-rodilo-so-opashka-na-cheloto-05.jpg

Веднаш откако објавиле фотографија од Нарвал, вработените во засолништето неколкупати биле прашани дали кученцето може да ја мавта и опашката на неговата глава.

Иако ова би изгледало навистина слатко, од засолништето велат дека опашката е неподвижна.

kuchence-ednorog-se-rodilo-so-opashka-na-cheloto-07.jpg

Подоцна, ветеринар утврдил дека опашката не е поврзана со ништо, па нема никаква функција. Ветеринарот Туринг дури и се пошегувал:

„Изгледа дека погрешно го составиле кученцето. Секогаш следете ги инструкциите!“

kuchence-ednorog-se-rodilo-so-opashka-na-cheloto-06.jpg

За среќа, опашката не му претставува никаков проблем на Нарвал и нема потреба да се отстранува.

kuchence-ednorog-se-rodilo-so-opashka-na-cheloto-08.jpg

Кученцето ќе биде објавено за посвојување откако ќе порасне. А кога ќе земете предвид колку е популарно, сигурно веднаш ќе си го најде својот дом.

Извор

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава