Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Ретки фотографии од Хачико, најлојалното куче во светот

Хачико е куче од расата Акита и е можеби најпознатото во светот.

emotivnata-prikazna-na-hachiko-najlojalnoto-kuche-na-svetot-01.jpg

Хачико се родил на 10-ти ноември 1923-та година, во префектурата Акита во Јапонија. Во 1924-та, професорот Хидесабуро Уено го вдомил Хачико и го земал да живее со него во Шибуја, Токио.

emotivnata-prikazna-na-hachiko-najlojalnoto-kuche-na-svetot-02.jpg

Уено секој ден одел на работа, а кога се враќал, Хачико го пречекувал во близина на метро станицата Шибуја. Ова интересно дуо си продолжило со оваа рутина до 21-ви мај, 1925-та година – денот кога Уено не се вратил.

Уено, кој работел како универзитетски професор, имал излив на мозокот сред предавање и умрел без воопшто да се врати на станицата.

emotivnata-prikazna-na-hachiko-najlojalnoto-kuche-na-svetot-03.jpg

Наредните 9 години, 9 месеци и 15 дена, Хачико секој ден го чекал враќањето на Уено на станицата Шибуја.

emotivnata-prikazna-na-hachiko-najlojalnoto-kuche-na-svetot-04.jpg

Хачико почнал да го привлекува вниманието на минувачите. Многу луѓе кои редовно минувале крај станицата често ги гледале Уено и Хачико и знаеле за чие куче станува збор. Но, повеќето од нив не се однесувале добро со Хачико и не им се допаѓало неговото присуство.

Сепак, на 4-ти октомври 1932-ва, во весник имало текст за верното куче, па случајните минувачи почнале да го хранат и да го галат додека тоа си го чекало сопственикот.

emotivnata-prikazna-na-hachiko-najlojalnoto-kuche-na-svetot-05.jpg

Еден од студентите на Уено, Хирокичи Саито, го здогледал кучето на станицата. Оттаму го следел до домот на поранешниот градинар на Уено, кој пак му ја раскажал целата животна приказна на Хачико.

Кратко после оваа средба, студентот објавил попис на кучиња од видот Акита во Јапонија. Се покажало дека во Јапонија останале само 30 чистокрвни Акита кучиња, вклучувајќи го и Хачико.

Студентот редовно го посетувал Хачико и низ годините објавил неколку текстови за неговата неверојатна лојалност. Во 1932-ва, еден од овие текстови го направил Хачико национална ѕвезда.

emotivnata-prikazna-na-hachiko-najlojalnoto-kuche-na-svetot-06.jpg

Верноста на кучето ги воодушевила Јапонците, а родителите и учителите го користеле како пример што децата треба да го следат. Покрај тоа, еден јапонски артист направил и скулптура од кучето, а ширум целата држава почнал да расте интересот за кучињата Акита.

Со текот на времето, верноста на Хачико станала национален симбол за лојалност.

emotivnata-prikazna-na-hachiko-najlojalnoto-kuche-na-svetot-07.jpg

Хачико умрел на 8-ми март 1935-та година, на 11-годишна возраст. Бил пронајден на улица во близина на Шибуја.

emotivnata-prikazna-na-hachiko-najlojalnoto-kuche-na-svetot-08.jpg

Во март 2011-та, научниците конечно ја открија и причината за неговата смрт – кучето имало терминален рак и филаријаза.

По неговата смрт, Хачико бил кремиран, а неговата пепел била закопана покрај гробот на професорот Уено. Крзното на Хачико бил зачувано и сега се наоѓа во Националниот научен музеј во Токио.

emotivnata-prikazna-na-hachiko-najlojalnoto-kuche-na-svetot-09.jpg

emotivnata-prikazna-na-hachiko-najlojalnoto-kuche-na-svetot-10.jpg

emotivnata-prikazna-na-hachiko-najlojalnoto-kuche-na-svetot-11.jpg

emotivnata-prikazna-na-hachiko-najlojalnoto-kuche-na-svetot-12.jpg

emotivnata-prikazna-na-hachiko-najlojalnoto-kuche-na-svetot-13.jpg

emotivnata-prikazna-na-hachiko-najlojalnoto-kuche-na-svetot-14.jpg

emotivnata-prikazna-na-hachiko-najlojalnoto-kuche-na-svetot-15.jpg

emotivnata-prikazna-na-hachiko-najlojalnoto-kuche-na-svetot-16.jpg

emotivnata-prikazna-na-hachiko-najlojalnoto-kuche-na-svetot-17.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Совети за шетање куче (ќе им се најдат на новите сопственици, без искуство) Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg