Девојка успеала да направи фотка од сите 17 миленици без да мрднат, по 3-дневни неуспешни обиди

Ако вие не можете да го скротите миленикот за добра фотка, замислете како би изгледало да смирите 17 миленичиња за да им направите заедничка фотка.

devojka-uspeala-da-napravi-fotka-od-site-17-milenici-bez-da-mrdnat-po-3-dnevni-neuspeshni-obidi-01.jpg

Кети Смит успеала во нејзината мисија, која не била воопшто лесна – да направи фотка од сите нејзини 17 миленици, без никој да се помести и да го уништи резултатот.

30-годишната Кети има 8 кучиња и 9 мачки, а покрај нив, таа е горд сопственик и на 4 папагали, неколку риби и бебе-еже.

koga-kje-uspeesh-da-gi-smirish-site-17-milenici-za-dobra-zaednichka-fotka-03.jpg

Неодамна таа решила да си зададе невозможна задача – да ги фотографира сите 17 миленици, a по неколку денови со неуспешни обиди, на крај успеала во она од што многумина би се откажале.

koga-kje-uspeesh-da-gi-smirish-site-17-milenici-za-dobra-zaednichka-fotka-02.jpg

Луѓето ширум светот се зачудени од нејзиниот успех, а дел од коментарите гласат:

„Јас не можам да ги сликам ни моите 4 деца / јас имам 2 кучиња и тешко е да ги натерам да гледаат во камера истовремено / јас не би имала трпение“.

Кети открива дека не било воопшто лесно да се успее, посебно заради мачките, кои постојано се симнувале од каучот, па таа морала неколкупати да ги враќа и имала само неколку секунди да ја направи „семејната фотка“, која изгледа вака:

koga-kje-uspeesh-da-gi-smirish-site-17-milenici-za-dobra-zaednichka-fotka-06.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава