Од Македонија до Америка со љубов – Бездомната Бела чекала ред за виза, а судбината ја однела до топол дом

Pilots N Paws е невладина организација која им овозможува на волонтери да помогнат со спасување, засолнување и вдомување животни, така што ги спојува со волонтери пилоти, подготвени да помогнат при транспортот.

od-makedonija-do-amerika-so-ljubov-bezdomnata-bela-chekala-red-za-viza-a-sudbinata-ja-odnela-do-topol-dom-01.jpg

На нивната Фејсбук страна се најде кучето Бела, кое лутало во околината на Американската амбасада во Скопје и успеала да си најде дом во Америка.

На страната беа објавени фотки од Бела како ужива во слободата додека ја пренесуваат пилотите-волонтери, а во описот стои текст од Џени Смит која ја раскажува приказната за Бела и се заблагодарува на организацијата за нивната работа.

Приказната на Бела Дуковска:

„Од #Македонија до #Америка со љубов:

Бела Дуковска беше бездомно куче кое шеташе по улиците на Скопје, Македонија и се пикаше во редот за виза надвор од амбасадата на САД. Таа беше таму цел ден и кога стигна најнапред во редот, вработените на амбасадата забележаа колку е слатка и не сакаа да дозволат повторно да лута наоколу, посебно Јана Дуковска (од таму и доаѓа името Бела Дуковска).

Јана и тимот се трудеа многу и Бела доби интернационален лет до Чикаго. Мојот братучед, кој е наредник во Воздухопловство САД и е стациониран во амбасадата, ни се придружи и нѐ поврза сите со вашите прекрасни пилоти кои ја однесоа Бела до Минесота, каде што семејството кое ја вдоми ја чекаше со отворени раце.

Бела уживаше во летот на слободата и се топеше со вашите пилоти. Го обожаваме тоа што вие го правите, ви благодариме Pilots N Paws.“

Се надеваме дека оваа приказна ќе инспирира што повеќе луѓе да ја покажат својата хуманост и ако не можат да вдомат, барем да помогнат да се најде топол дом за кучињата кои лутаат низ улиците во нашата земја. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...
Колку се опасни гасениците боров четник (и што да правите ако ги имате во дворот)? Гасениците познати како боров четник се најголемите штетници за боровите, но се ...

Најчитани неделава