Зошто мачките вршат нужда надвор од кутијата со песок и како да се справите со овој проблем?

Мачките се можеби „најчистото“ домашно милениче – сами се грижат за нивната хигиена, не прават неред и речиси веднаш учат каде треба да вршат нужда.

zoshto-machkite-vrshat-nuzhda-nadvor-od-kutijata-so-pesok-i-kako-da-se-spravite-so-ovoj-problem-01.jpg

Но некогаш, мачките одбиваат да ја користат кутијата со песок и уринираат низ целиот дом. Па, која е причината за овој проблем и како да се справите со него?

Дали оваа појава е нормална?

Ако имате ново маче кое уште не е привикнато на домот, може да се случи да изврши нужда на друго место, наместо во кутијата со песок. Обично овој проблем ќе исчезне сам, штом мачето се привикне на новата околина.

Но некогаш и мачката што ја чувате долго време може да почне да врши нужда надвор од кутијата. Во овој случај треба да ја најдете точната причина за ова однесување за да можете да го решите проблемот.

zoshto-machkite-vrshat-nuzhda-nadvor-od-kutijata-so-pesok-i-kako-da-se-spravite-so-ovoj-problem-02.jpg

Медицински причини

Најпрво важно е да ја однесете мачката на ветеринар за да утврдите дали можеби има здравствен проблем што го поттикнува ова однесување. Постојат многу здравствени проблеми што можат да го предизвикаат ова, а најчестите се:

  • Камења во бубрезите
  • Инфекција на уринарниот тракт
  • Воспаление
  • Болест на бубрезите или дробот

zoshto-machkite-vrshat-nuzhda-nadvor-od-kutijata-so-pesok-i-kako-da-se-spravite-so-ovoj-problem-03.jpg

Немедицински причини

Ако ветеринарот утврди дека вашата мачка е со одлично здравје, тогаш постојат други можни причини:

На мачката не ѝ се допаѓа кутијата. Возможно е на мачката воопшто да не и се допаѓа самата кутија со песок или нејзината локација.

На мачката не ѝ се допаѓа песокот. Има разни видови песок за мачки, па ако мачката ја избегнува нејзината кутија и врши нужда на друго место, можеби не ѝ се допаѓа песокот што го купувате.

Обележување територија. Некогаш мачките си ја обележуваат нивната територија со урина. Ова може да се случи ако мачката е во сезона на парење или ако е под стрес поради голема промена, како селење, нов член во семејството, ново милениче и слично. Обично обележувањето територија се разликува од обичното уринирање – тогаш мачката ја прска урината на вертикални површини и најчесто не остава траги на подот.

zoshto-machkite-vrshat-nuzhda-nadvor-od-kutijata-so-pesok-i-kako-da-se-spravite-so-ovoj-problem-4.jpg

Што можете да направите?

Кога не станува збор за медицински проблем, можете да направите неколку работи за да ја натерате мачката да ја користи кутијата со песок.

Сменете ги кутијата и песокот. Ако ова е причината, штом ќе ги смените кутијата и песокот, мачката би требало да почне да ги користи.

Сменете ја локацијата на кутијата. Во овој случај најдобро е да ја ставите кутијата на место каде што мачката веќе уринирала во домот, бидејќи ќе знаете дека тоа место сигурно ѝ се допаѓа.

Редовно чистете ја кутијата. Не заборавајте дека изметот мора да го собирате секој ден, а целиот песок менувајте го еднаш неделно. Ако кутијата е многу валкана, мачката нема да сака да ја користи.

Стерилизација. Стерилизирањето на мачките е препорачливо од многу причини – најмногу за да се спречи нивното размножување, а со тоа и да се намали бројот на мачки кои завршуваат на улица. Истовремено, стерилизираните мачки речиси никогаш не обележуваат територија со урина.

zoshto-machkite-vrshat-nuzhda-nadvor-od-kutijata-so-pesok-i-kako-da-se-spravite-so-ovoj-problem-05.jpg

Како да го отстраните мирисот од домот?

Штом ќе најдете решение за проблематичното однесување на мачката, ќе мора и добро да го исчистите домот. Проблемот е што урината на мачките мириса многу лошо и некогаш е тешко да го отстраните мирисот. Затоа, кога ќе го чистете домот земете ги предвид следниве нешта:

Користете студена вода. Штом ќе го најдете местото на коешто уринирала мачката, истурете студена вода, а потоа соберете ја со крпа или што било слично без да триете.

Неутрализирајте ги мирисите. Можете да направите раствор од вода и оцет во ист размер. Откако ќе ја соберете водата, испрскајте го местото со растворот, а потоа можете да додадете и малку сода бикарбона. Овој метод е одличен ако се обидувате да чистите мека површина, како тепих или кауч.

Не користете амонијак. Избегнувајте да чистите со средства кои содржат амонијак. Причината е тоа што урината на мачките содржи амонијак, па ако чистите со такво средство, поради мирисот, мачката најверојатно повторно ќе уринира на истото место.

zoshto-machkite-vrshat-nuzhda-nadvor-od-kutijata-so-pesok-i-kako-da-se-spravite-so-ovoj-problem-6.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Низ илустрации: Докази дека мачките и кучињата се од различни планети Додека кучето ве гледа како бог, мачката е убедена дека вие сте ѝ слуга. Дали по...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg