Вирално видео: Жена со голи раце турка мечка од оградата за да ги заштити кучињата

Што би направиле вие ако на оградата од вашиот двор ненадејно се појави мечка? Сигурно нема да го направите ова што го направила оваа жена од Јута, САД. Таа со голи раце ја турна мечката од оградата за да не ѝ ги вознемирува кучињата.

Viralno-video-zena-so-goli-race-ja-turna-mechkata-od-ogradata-za-da-gi-zashtiti-kuchinjata-01.jpg

Видеото е објавено на ТикТок од страна на Бренда и досега има над 35 милиони прегледи. Како што вели, на видеото може да ја видиме нејзината братучетка Хејли како ја турнала мечката од оградата и ги спасила кучињата.

Viralno-video-zena-so-goli-race-ja-turna-mechkata-od-ogradata-za-da-gi-zashtiti-kuchinjata-02.jpg

Видеото за брзо време се прошири на социјалните мрежи, а на неа може да се види дека на ѕидот исто така има и мало мече што се уплашило од кучињата.

На ТикТок пишува дека сите кучиња, жената, мечката и нејзиното малечко се во добра состојба по инцидентот.

Viralno-video-zena-so-goli-race-ja-turna-mechkata-od-ogradata-za-da-gi-zashtiti-kuchinjata-03.png

Многумина од оние што го погледнале настанот останаа вчудоневидени од храброста на оваа жена, а има и такви што се прашуваат колкава сила треба да има таа за да турне возрасна мечка од ѕидот.

Погледнете го видеото во целост:

@bakedlikepie

My cousin Hailey yeeted a bear off her fence today and saved her dogs. How was your Memorial Day?! (WTF?!) #ohno #badass #brave #fight #bear

♬ Oh No - Kreepa

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...
Што открива омилената положба на спиење за карактерот на вашето куче? Ако кучето спие на грб, со кренати задни нозе, тоа значи дека е среќно, самоувер...
Низ илустрации: Докази дека мачките и кучињата се од различни планети Додека кучето ве гледа како бог, мачката е убедена дека вие сте ѝ слуга. Дали по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg