Опасно е да спиете со мачка или куче и уште 8 митови за милениците во кои не треба да верувате


Опасно е да спиете со мачка или куче и уште 8 митови за милениците во кои не треба да верувате

Мачките не треба да пијат млеко, а спиењето со миленик не е опасно – напротив, може да ве релаксира и да го подобри квалитетот на сонот.

opasno-e-da-spiete-so-machka-ili-kuche-i-ushte-8-mitovi-za-milenicite-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-01.jpg

Постојат многу митови поврзани со милениците кои некогаш можат да бидат и причина за проблеми. Затоа, кога не сте сигурни дали нешто е вистина или лага, најдобро консултирајте се со ветеринар.

Во продолжение, пак, погледнете некои од најпопуларните митови во кои не треба да верувате:

Мит 1: Топлиот нос на кучето значи дека е болно

Иако кога се настинати кучињата можат да имаат зголемена телесна температура, а со тоа и потопол, сув нос, не значи дека ова важи секогаш. Единствениот начин да се осигурите дека кучето има температура е да му ја измерите.

Кога станува збор за симптоми, обрнете внимание на промени во неговото однесување. Односно, ако нема енергија, јаде помалку, пие помалку вода и слично, тогаш можно е да има некој проблем.

opasno-e-da-spiete-so-machka-ili-kuche-i-ushte-8-mitovi-za-milenicite-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-02.jpg

Мит 2: Старите кучиња не се дресираат

Воопшто не е точно дека само младите кучиња можат да се дресираат – кучиња се способни за учење на секоја возраст.

Иако постарите кучиња можеби ќе учат побавно, со трпеливост и добар тренинг можете да го постигнете посакуваниот резултат.

opasno-e-da-spiete-so-machka-ili-kuche-i-ushte-8-mitovi-za-milenicite-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-03.JPG

Мит 3: Миленикот може да јаде од вашата чинија

Додека вам сигурно нема да ви биде ништо ако миленикот јаде од вашата чинија, мачката или кучето можат да се соочат со многу проблеми ако им дадете храна непогодна за нив.

Многу намирници коишто се добри за нас се отровни за мачките и кучињата, па најдобро не ги навикнувајте милениците да ви јадат од чинијата.

Прочитајте повеќе: „Човечка“ храна која е штетна за вашето куче и со што да ја замените

opasno-e-da-spiete-so-machka-ili-kuche-i-ushte-8-mitovi-za-milenicite-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-04.JPG

Мит 4: Плунката на мачките и кучињата го забрзува зараснувањето на раните

Сигурно сте забележале дека кога ќе се повредат, мачките и кучињата си ги лижат раните. Поради ова се појавил и митот дека нивната плунка го забрзува зараснувањето на раните.

Но, нивната плунка не содржи ништо што би го забрзало овој процес и тие всушност ги лижат раните за да ги исчистат и со тоа да спречат појава на инфекција.

Па, ако вашето милениче има рана, не очекувајте самото да се погрижи за неа туку однесете го на ветеринар.

opasno-e-da-spiete-so-machka-ili-kuche-i-ushte-8-mitovi-za-milenicite-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кога кучињата ќе се вратат дома како нови миленици после фризер (фото) Денешниот ден ви го разубавуваме со компилација од пред/потоа фотки од кучиња по...
Кога кучињата ќе пораснат, а уште се однесуваат како да се мали (фото) Кучињата растат многу брзо, но сепак секојдневно веројатно не забележувате голем...
Чување куче во стан: Што треба да знаете ако се одлучите на овој чекор? Кучињата се одлични миленици, но можат да бидат проблематични ако живеете во ста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg