Позитива на денот: Слонче родено во заробеништво во Тајланд првпат си игра безгрижно со вода по спасувањето (видео)

Повеќето од слоновите во Тајланд се раѓаат и умираат во кафез, а Чаба имал среќа да биде спасен и да ја почувствува слободата – реакцијата кога за првпат си игра со вода е бесценета и ја топли душата.

emotivno-video-slonche-rodeno-vo-zarobenishtvo-vo-tajland-prvpat-si-igra-so-voda-po-spasuvanjeto-01.jpg

Во Тајланд, околу 3.800 слонови живеат во заробеништво. Најголемиот проблем е што овие слонови се чуваат само за разонода на туристите, живеат во лоши услови, осамени се и постојано се тепани и измачувани за да се однесуваат „питомо“.

Повеќето од нив се раѓаат и умираат во кафез и никогаш немаат можност да ја почувствуваат слободата.

Слоновите се многу интелигентни суштества и овој третман ги прави мизерни, па сè повеќе луѓе се обидуваат да ја подигнат свеста за нивната состојба. Оние кои имаат можности, дури и ги спасуваат слоновите од ваквите места и им даваат подобар живот.

Токму ова се случило со слончето Чаба и неговата мајка.

emotivno-video-slonche-rodeno-vo-zarobenishtvo-vo-tajland-prvpat-si-igra-so-voda-po-spasuvanjeto-06.JPG

Женското слонче се родило на 17 мај годинава во заробеништво во Тајланд. Било чувано во таканаречен камп за јавање – туристичка атракција каде што посетителите можат да ги јаваат измачените слонови.

Слончето речиси постојано било одделено од неговата мајка која секој ден била присилувана да изведува циркуски акробации за да ги забавува туристите.

emotivno-video-slonche-rodeno-vo-zarobenishtvo-vo-tajland-prvpat-si-igra-so-voda-po-spasuvanjeto-07.JPG

За мизерната состојба на Чаба и неговата мајка дознала фондација за спасување слонови од Тајланд, позната како Save Elephant Foundation, и сфатиле дека веднаш мораат да преземат нешто.

„Ги најдовме мајката и бебето во мал бетонски кафез, без никаква разонода, а мајката беше врзана со синџир. Веднаш ни стана јасно дека и двајцата се во лоша здравствена состојба и итно им е потребна помош“, велат од фондацијата.

emotivno-video-slonche-rodeno-vo-zarobenishtvo-vo-tajland-prvpat-si-igra-so-voda-po-spasuvanjeto-03.JPG

Основачот на фондацијата имал успешни преговори за преместување на слоновите во природен резерват на северот од Тајланд и, во август годинава, тој и неговиот тим тргнале на мисија да ги спасат.

Најпрво тимот сакал да ги пренесе Чаба и неговата мајка со камион, но бидејќи слоновите биле преплашени, никако не можеле да ги натераат да влезат внатре. На крај, одлучиле да ги однесат пеш до засолништето.

Патешествието траело два часа, а штом пристигнале, Чаба и неговата мајка добиле обилен оброк.

emotivno-video-slonche-rodeno-vo-zarobenishtvo-vo-tajland-prvpat-si-igra-so-voda-po-spasuvanjeto-05.JPG

emotivno-video-slonche-rodeno-vo-zarobenishtvo-vo-tajland-prvpat-si-igra-so-voda-po-spasuvanjeto-04.JPG

Откако ги згрижиле, спасувачите му наполниле корито со вода на малото слонче. Слоновите обожаваат да се бањаат и да си играат со вода, а за Чаба ова било првото вакво искуство.

Од фондацијата го овековечиле емотивниот момент кога слончето првпат имало можност да си игра со вода.

„Слончето Чаба е вљубено во неговиот мал базен. Сака да си игра со водата и да се прска. Мајката има можност да се релаксира додека слончето си игра“, стои во описот на фотографијата.

emotivno-video-slonche-rodeno-vo-zarobenishtvo-vo-tajland-prvpat-si-igra-so-voda-po-spasuvanjeto-02.JPG

Фондацијата сподели и видео од слаткиот момент.

Неодамна тие споделија уште едно видео на кое се гледа дека слончето потпораснало и изгледа пресреќно.

„Чаба станува посилна и посамоуверена. Нејзината мајка има доволно млеко за да ја храни. Како и секое мало слонче, Чаба сака да си игра во водата и во калта. Нејзината тежина се подобрува и пресреќни сме што гледаме дека се развива добро“, стои во описот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 забавни факти за слоновите - Ги „погребуваат“ нивните мртви, може да изодат 120 километри дневно Слоновите покажуваат огромна емоционална интелигенција. Тие се едни од ретките ж...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg