Ова се најретките раси на кучиња во светот – колку од нив ви се познати?

Постојат неколку ретки раси на кучиња. Некои живеат во специфични климатски услови и се помалку распространети во останатиот дел од светот.

Najretkite-rasi-na-kucinja-vo-svetot-01.jpg

Некои се користат строго за одредени цели, како што се потрага по тартуфи или чување овци. Ова се петте најретки видови кучиња во светот:

Норвешкиот Лундехунд

Чудна и необична раса. Имаат по шест прсти на секоја нога и може да ја свиткаат главата наназад, речиси доволно за да го допрат грбот со муцката. Во Норвешка, Лундехунд првично фаќал специфични птици кои живеат на северните брегови, поради нивната вештина да се качуваат по клисурите. 

За малку ќе исчезнеле за време на Втората светска војна, но норвешките одгледувачи успеале да ја одржат оваа раса во живот. Поради својата енергија, ова е одличен миленик за поактивни семејства кои сакаат авантури, истражување и чести долги прошетки.

Лагото Ромањоло

Често пати го мешаат со пудлици, но Лагото Ромањоло е всушност најстарата раса за лов во вода. Ловците во Италија со векови го користеле за да донесат застрелани патки од езерото, а тоа се должи на неговото водоотпорно крзно налик на волна, острото сетило за мирис и мускулестата градба.

Меѓутоа, денес луѓето најчесто ги користат за да бараат тартуфи, а во моментов тоа е единствената позната раса во светот што луѓето ја користат за оваа намена.

View this post on Instagram

A post shared by Alonzo and Amigo (@alonzosandamigosadventures)

Азавак (африкански р’т)

Оваа раса на кучиња се одликува со тенко и цврсто тело и кралско држење. Тој е познат како многу нежна раса поврзана со неговото семејство. Недоверлив кон странци и куче кое генерално не сака да го допираат, но ги обожава луѓето со коишто живее.

Секој ден му треба најмалку половина час трчање или активни игри, а бидејќи доаѓа од пустината, ужива во летните денови. Од истата причина во зима им треба облека, бидејќи не можат да го издржат студот.

Отерхаунд (видрско куче – „Видраш“)

Како што кажува името, оваа раса е наменета за лов на видри, но сепак е исклучително приврзан, разигран и лојален миленик.

Ушите му се долги и опуштени, косата остра, а муцката долга и влакнеста. Денес се речиси на работ на истребување. Мускулната маса им достигнува над 50 килограми и не се вбројуваат во чисти и уредни кучиња, бидејќи им останува многу нечистотија на влакнестите шепи.

Муди

Оваа унгарска раса главно се користела за чување говеда и овци, а денес се помалку од илјада на број во светот. Тие се ретки надвор од Унгарија и околните земји.

Муди се исклучително енергични кучиња. Тие се паметни и имаат долг животен век, но од сопствениците очекуваат многу работа и претпазливост, бидејќи не се согласуваат баш најдобро со другите кучиња.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg