Кучето кое спаси над 100 коали во пожарите во Австралија доби награда за херојскиот подвиг (фото)

Кучето Беар помогнало во спасувањето на повеќе од 100 коали за време на големите пожари во Австралија кои почнаа во 2019-та, а за неговите подвизи сега си доби и награда.

FotoJet.jpg

Пожарите што пустошеја низ Австралија пред околу две години уништија огромни површини шума, со тоа оставајќи илјадници животни без нивните живеалишта.

Голем дел од животните воопшто не ја преживеаја катастрофата, а едни од најпогодените беа коалите.

Според претпоставките, над 60.000 коали настрадале во пожарите - некои загинале од самиот пожар, а некои подоцна од глад и дехидрација. 

kuche-koe-spasilo-nad-100-koali-vo-pozharite-vo-avstralija-dobi-nagrada-za-herojskiot-podvig-foto-07.jpg

Но, пожарникарите и волонтерите успеаја да спасат многу животни, вклучувајќи и коали. А, од спасувачките екипи можеби најмногу се истакнува кучето Беар кое спасило повеќе од 100 коали за време на трагедијата.

Беар е единственото куче во Австралија кое е тренирано специјално за барање коали, а наводно може да ги пронајде следејќи го мирисот на нивното крзно и нивниот измет.

kuche-koe-spasilo-nad-100-koali-vo-pozharite-vo-avstralija-dobi-nagrada-za-herojskiot-podvig-foto-06.jpg

kuche-koe-spasilo-nad-100-koali-vo-pozharite-vo-avstralija-dobi-nagrada-za-herojskiot-podvig-foto-05.jpg

Во периодот 2019-2020, Беар успеал да лоцира повеќе од 100 коали кои благодарение на него ја добиле потребната медицинска нега и го преживеале пустошот.

По тој повод 6-годишното куче си доби и златен медал за неговото херојство, односно посебно признание од Меѓународниот фонд за благосостојба на животни - организација што спасува животни и се залага за нивната заштита.

kuche-koe-spasilo-nad-100-koali-vo-pozharite-vo-avstralija-dobi-nagrada-za-herojskiot-podvig-foto-02.jpg

Убавите вести беа споделени на официјалниот Инстаграм профил на Беар.

„Најдобриот подарок на сите времиња,нашата ѕвезда, Беар, доби престижна награда. Нашите партнери го почестија Беар со награда за неговите подвизи – наоѓање и спасување коали во пожарите што пустошеја низ земјата.

Беар не можеше да ја прифати наградата во живо, но се потрудивме да се почувствува ценето со ова големо тениско топче!“ - стои во описот.

Повеќе фотки и видеа од Беар на следната страница …



Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Совети за шетање куче (ќе им се најдат на новите сопственици, без искуство) Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg