Ирвасите си ја менуваат бојата на очите и уште 7 животни кои развиле „супермоќи“

Нилските коњи имаат природна заштита од сонце

За нилските коњи може да се каже дека си имаат природен заштитен крем од сонце.

Тие можат да поминат часови под жешкото сонце, а да не почувствуваат никакви последици од тоа.

Оваа заштита им ја нуди течност што ја лачи нивната кожа, нарекувана и „пот на нилски коњ“.

Течноста има молекуларна структура што ја распрснува сончевата светлина, па така ја штити кожата од штетните зраци.

Течноста, односно секретот има црвенкаста нијанса поради црвените и портокаловите пигменти.

За овие пигменти, пак, истражувањата покажале дека можат да ја апсорбираат ултравиолетовата светлина, нудејќи уште поголема заштита на кожата.

irvasite-si-ja-menuvaat-bojata-na-ochite-i-ushte-7-zhivotni-koi-razvile-supermokji-06.jpg

Змиите имаат сензор за топлинско зрачење

Змиите можат да го почувствуваат вашето присуство само од топлината што ја зрачи вашето тело.

Некои видови змии се опремени со сензори за топлинско зрачење со кои можат да ја детектираат топлината на некое суштество на растојание и од неколку метри.

Змиите всушност го „гледаат“ инфрацрвеното зрачење што кај топлокрвните суштества се оддава како топлина.

Овие сензори на змиите се наоѓаат на предниот дел од нивната уста, речиси веднаш под ноздрите.

irvasite-si-ja-menuvaat-bojata-na-ochite-i-ushte-7-zhivotni-koi-razvile-supermokji-07.jpg

Лососот има уред за навигација

Лососите го користат магнетното поле на Земјата за да се ориентираат или, со други зборови, си имаат вграден уред за навигација.

Токму со овој уред овие риби знаат кон каде да се движат и минуваат огромни растојанија без да се изгубат.

Според истражувањата, лососот има микроскопски кристали на магнетит во ткивото. За магнетитот се верува дека е можеби најмагнетизираниот минерал кој се наоѓа на Земјата.

Експертите сметаат дека магнетитот во ткивото на лососот реагира на магнетното поле на Земјата со што им „кажува“ на рибите во која насока да се движат.

Потребни се повеќе истражувања за целосно да сфати овој механизам кај рибите, но и со она што веќе го знаеме станува јасно дека ова е навистина импресивна супермоќ.

irvasite-si-ja-menuvaat-bojata-na-ochite-i-ushte-7-zhivotni-koi-razvile-supermokji-08.jpg

Делфините можат да „исклучат“ една хемисфера од мозокот

Делфините спијат поразлично од повеќето цицачи. Кога е време за спиење, тие можат да ја „исклучат“ едната хемисфера од мозокот и да го затворат само спротивното око.

Односно, ако „спие“ десната хемисфера, ќе го затворат левото око, и обратно.

Додека спијат, „будната“ хемисфера ја набљудува нивната околина и го контролира дишењето.

Во период од 24 часа, делфините ја одмараат секоја хемисфера по околу четири часа.

Постојат неколку причини зошто делфините спијат вака. Најпрво е дишењето – тие постојано свесно го контролираат дишењето, што значи мораат да го прават тоа и додека спијат.

Втората причина е нивната безбедност – кога се практично полу-будни, полесно ќе можат да воочат некоја опасност и да избегаат.

И трето, овој начин на спиење им овозможува на делфините да изведуваат мали движења со кои ја регулираат температурата на телото додека се во студената вода.

irvasite-si-ja-menuvaat-bojata-na-ochite-i-ushte-7-zhivotni-koi-razvile-supermokji-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...
7 забавни факти за октоподите – имаат сина крв и три срца Од неверојатна интелигенција (можат да отвораат дури и тегли) до способност за к...
Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...

Најчитани неделава