Му давате огледало на папагалот и уште 9 грешки со кои им го скратувате животот на милениците

Не им давајте варени коски на кучињата, не им давајте млеко на мачките и немојте да ја чувате рибата во мала стаклена кугла.

mu-davate-ogledalo-na-papagalot-i-ushte-9-greshki-so-koi-im-go-skratuvate-zhivotot-na-milenicite-01.jpg

Порано луѓето најчесто чувале миленици бидејќи им биле од корист – куче како чувар, мачка за да лови глувци… Денес, скоро сите ги гледаме милениците како дел од нашите семејства, а тоа е навистина добро.

Иако не се интелигентни колку нас, и милениците се живи суштества со свои потреби – и физички, и емоционални, и психички.

Сепак, многу луѓе прават одредени грешки кога станува збор за милениците, а со тоа само им го скратуваат животот.

Во продолжение дел од најчестите грешки:

Ѝ ги сечете ноктите на мачката

Мачките сакаат да си ги острат ноктите, а во оваа активност неретко страда мебелот. Но, решението никако не треба да биде сечење на ноктите.

Со сечењето на ноктите се зголемува ризикот од инфекции, криво растење на ноктите, па дури и проблеми со грбот кај мачките. Истовремено, мачката речиси постојано ќе чувствува болка во шепите.

Наместо тоа, купете ѝ специјална играчка на мачката на која ќе може да си ги остри ноктите. Можете да купите и спреј со „кетнип“ кој ќе го нанесете на играчката за да ја мотивирате да ја користи.

Овие спрејови го содржат растението „кетнип“ кое има привлечен мирис за мачките и е безопасно. Консултирајте се со ветеринар за тоа колку често можете да го користите овој спреј.

mu-davate-ogledalo-na-papagalot-i-ushte-9-greshki-so-koi-im-go-skratuvate-zhivotot-na-milenicite-02.jpg

Не го шетате кучето

Дури и да го имате најмрзливото куче на светот, мора да го изнесувате надвор на прошетка.

За повеќето кучиња не е доволно само да ги изнесете надвор во тоалет, потребна им е и кратка прошетка која ќе им ги зајакне мускулите, коските и кардиоваскуларниот систем.

Исто така, прошетките имаат позитивно влијание врз менталното здравје на кучињата и им помагаат да се социјализираат.

mu-davate-ogledalo-na-papagalot-i-ushte-9-greshki-so-koi-im-go-skratuvate-zhivotot-na-milenicite-03.jpg

Ги храните мачката и кучето само со „човечка“ храна

И мачките и кучињата се месојадци, што значи мора да консумираат месо за оптимално здравје.

Ако имате време за готвење, можете сами да им правите посебни оброци на мачката и кучето од разни видови месо. Но, ако им го давате остатокот од вашиот ручек, тие нема да ги внесат сите потребни хранливи материи.

Покрај тоа, некои намирници што се добри за нас можат да бидат штетни за мачките и кучињата.

Затоа, најбезбедна опција е да им купувате специјална храна. Ветеринарот може да ви помогне да го одберете најдобриот бренд за вашиот миленик кој ќе ги задоволи сите негови потреби.

mu-davate-ogledalo-na-papagalot-i-ushte-9-greshki-so-koi-im-go-skratuvate-zhivotot-na-milenicite-04.jpg

Не го дресирате кучето

Немојте да се прашувате зошто кучето ви го уништува мебелот ако никогаш не сте одвоиле време да го дресирате.

Нема потреба да го учите да прави разни трикови, туку доволно е основно дресирање што ќе го научи што не треба да прави во домот.

Ако не можете да платите за дресура, консултирајте се со ветеринар кој ќе ви даде насоки за дресирање.

mu-davate-ogledalo-na-papagalot-i-ushte-9-greshki-so-koi-im-go-skratuvate-zhivotot-na-milenicite-05.jpg

Користите струг наместо песок за мачки

За разлика со специјалниот песок за мачки, стругот не го неутрализира непријатниот мирис, не апсорбира и се закачува за шепите и крзното на мачката, па таа го разнесува низ целиот дом.

Затоа, избегнувајте да го користите.

mu-davate-ogledalo-na-papagalot-i-ushte-9-greshki-so-koi-im-go-skratuvate-zhivotot-na-milenicite-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 знаци дека вашето куче не ви верува и се плаши од вас (и како да го промените тоа) Го следи секое ваше движење со погледот, се крие кога ќе ве види и ја одбива хра...
8 работи што мора да ги правите за вашиот миленик, според ветеринари Ставете две кутии со песок за мачката, немојте да ги бањате милениците со шампон...
Бон-тон правила за сопственици на мачки и кучиња – некултурните луѓе често ги забораваат Кога се шетате со кучето, тоа секогаш треба да оди веднаш до вас во случај да по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg