Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


9 важни работи што треба да ги земете предвид кога го шетате вашето куче

Не ги заборавајте наградите кога се однесува добро

Гледајте го шетањето на кучето како еден вид тренинг. Па, секојпат кога ќе се однесува добро и нема да прави проблеми, наградете го, со малку храна.

Овие награди ќе го мотивираат кучето да биде послушно.

nikako-ne-mu-stavajte-remche-so-bocki-i-ushte-8-vazhni-raboti-shto-treba-da-gi-zemete-predvid-koga-go-shetate-vasheto-kuche-06.jpg

Никако немојте да користите ремчиња со боцки

Иако постои верување дека овие ремчиња ќе го натераат кучето да не влече и да биде послушно, најчесто го постигнуваат спротивниот ефект.

Овие ремчиња се болни за кучињата, можат да им нанесат повреди, а можат да ги направат и агресивни.

nikako-ne-mu-stavajte-remche-so-bocki-i-ushte-8-vazhni-raboti-shto-treba-da-gi-zemete-predvid-koga-go-shetate-vasheto-kuche-07.jpg

Малите кучиња шетајте ги со градник

Малите кучиња, како чивава и пекинезер, не треба да носат класични ремчиња бидејќи областа околу вратот им е многу понежна.

Наместо тоа, купете градник – можете да се консултирате со ветеринар кој ќе ви помогне да го одберете најдобриот градник за вашето куче.

nikako-ne-mu-stavajte-remche-so-bocki-i-ushte-8-vazhni-raboti-shto-treba-da-gi-zemete-predvid-koga-go-shetate-vasheto-kuche-08.jpg

Не ги игнорирајте временските услови

Временските услови имаат влијание и врз кучињата, па мора да ги земете предвид.

Ако вам ви е многу топло или ладно, истото важи и за вашето куче. Па, во овие временски услови скратете ја прошетката, односно изнесете го кучето само колку да отиде во тоалет.

Исто така, имајте на ум дека во летните денови асфалтот може да биде многу жежок и може да му создаде изгореници на шепите на кучето.

Во зима, избегнувајте да го шетате кучето по мраз.

nikako-ne-mu-stavajte-remche-so-bocki-i-ushte-8-vazhni-raboti-shto-treba-da-gi-zemete-predvid-koga-go-shetate-vasheto-kuche-09.jpg

Не ги заборавајте кесите за измет

Секогаш мора да го собирате изметот на вашето куче, без разлика каде го шетате.

За оваа намена постојат специјални кеси кои можете да ги најдете во продавници за миленици, но и во повеќето супермаркети.

nikako-ne-mu-stavajte-remche-so-bocki-i-ushte-8-vazhni-raboti-shto-treba-da-gi-zemete-predvid-koga-go-shetate-vasheto-kuche-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Го прегрнувате и уште 8 грешки со кои можете да предизвикате агресија кај кучето, според ветеринари Немојте да го дресирате кучето со казнување – очигледно е зошто удирањето и пока...
Раси на кучиња кои не лаат многу – совршени за оние кои не сакаат врева Мопс и англиски булдог се раси на кучиња кои лаат многу ретко, па се совршени ак...
Забавни фото-докази дека никогаш нема да се чувствувате осамено ако имате мачка или куче Ако имате милениче како мачка или куче, тогаш сигурно не сте биле осамени ни на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg