Ново бебе лама + сите бебиња што се родија во Скопје ЗОО периодов (фото)
-->
Принова и кај лемурите. Прстеноопашестите лемури од Мадагаскар се загрозен вид и ретко се множат во зоолошките градини, но во Скопје имаме благослов секоја година да ни се раѓаат по неколку лемурчиња. Да ни е живо и здраво бебето.
-->
Уште едно бебе подмладок во Скопје ЗОО, имаме радост и кај ламите.
Во Скопје ЗОО после повеќе од 20 години се родија лавчиња. Голема радост на сите вработени ни донесе мама Бела пред неколку дена кога на свет дојдоа три бебиња лавчиња. Мајката Бела која во Скопје дојде од Германија е постојано со нив и деноноќно се грижи за лавчињата. Таткото Чака пак потекнува од Франција, а жител на Скопје ЗОО е од 2020 година. Сите вработени се сложни дека ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошка градина Скопје и постојано внимаваме мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите услови во внатрешното живеалиште каде што моментално се под постојан надзор.
-->
-->
По речиси еден месец од раѓањето, малите бебиња супер напредуваат. Мама Бела, но и тимот кој се грижи за нив, постојано се посветени на лавчињата.
-->
-->
Малото гибонче Мики веќе го доби новото крзно и најмногу ужива кога е во прегратките на мама.
С. С. | Црнобело
Фото: Горан Анастасовски - Скопје ЗОО
Би можело да ве интересира:
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“
„Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов
Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе?
Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Марко и Мартина се брат и сестра мечки кои се преселија од Скопје во Швајцарија - сега уживаат на Ал...
Мечињата се брат и сестра и со години живееја одделено во две различни живеалишт...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат
Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...
Браво! Низ скопските маала ќе бидат поставени 10 куќички за бездомни кучиња
„Куќичките се новогодишен подарок за кучињата од групата урбани уметнички/герила...