Ново бебе лама + сите бебиња што се родија во Скопје ЗОО периодов (фото)
Во Скопје ЗОО после повеќе од 20 години се родија лавчиња. За првпат имаме бебе од видот двогрба камила (Бактријан), повторно се родија лемурчиња, а сега се роди и трета лама. Патчиња, кенгурчиња и што уште не... Навистина многу поводи за славење во скопската зоолошка градина.

Во Скопје ЗОО има прекрасна атмосфера периодов. Оваа пролет донесе многу нови бебиња таму.
Од бебиња лавчиња до бебиња лемури, а последно во низата е третото бебе кај ламите, поводи за мекици има постојано.
Бебињата што се родија во Скопје ЗОО периодов, преку Фејсбук објавите од Скопје ЗОО:
Пролетно имаме и трето бебе кај ламите, со уникатни шари.

Малото бебенце Мики е веќе надвор преку ден заедно со својата фамилија белорак гибони. Мама Ана, тато Џорџ и дада Софи му помагаат да ги научи првите чекори за движење по јажињата.

Јасли групата во Скопје ЗОО се прошири со уште девет бебиња. Овој период додека не потпораснат ќе си бидат со мајката на безбедно, а потоа слободно ќе си пливаат во езерата со другите патки.

Мама Пикси и бебе валаби кенгур во торбичката. Кај овие животни за да се формира бебето од ембрион во торбата на мајката треба да поминат 190 дена, а потоа 7 до 10 месеци малото ги минува таму додека расте.

Овие денови нашата страница повеќе личи како профил на некоја јасли група во градинка, но навистина имаме „Бејби Бум" во Скопје ЗОО. Ова е нашето ново бебе од видот берберска овца.

За првпат имаме бебе од видот двогрба камила (Бактријан) кое се роди пред една недела. Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела.


Повеќе бебиња од Скопје ЗОО на следната страна...
Би можело да ве интересира:
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една
Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш...
„Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
„Немаше да преживее, мајка му го отфрли“ - Мајмунчето Лука во ЗОО Скопје денес слави 12-ти роденден ...
„12 години живот. 12 години победа. Лука немаше да преживее. Отфрлен од мајката ...
Бебе елен се роди во Скопје ЗОО: „Оваа преубава дама ни донесе многу радост“
Ова е прва принова кај нас по подолго време, па од Скопје ЗОО на Фејсбук сподели...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден...
„Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...
10 емотивни сцени од Скопје ЗОО топат срца, низ објективот на Горан Анастасовски
„Ако овие фотографии допрат барем едно срце и потсетат дека животните чувствуваа...