Бон-тон правила за сопственици на мачки и кучиња – некултурните луѓе често ги забораваат

Кога се шетате со кучето, тоа секогаш треба да оди веднаш до вас во случај да помине личност која се плаши од животни. Истовремено, кога се разминувате со некого треба да му направите место. 

bon-ton-pravila-shto-sopstvenicite-na-machki-i-kuchinja-neretko-gi-zaboravaat-01.jpg

Кога чувате миленик, не треба да водите грижа само за него, туку мора да ги земете предвид и другите луѓе околу вас.

Бидејќи миленикот не разбира бон-тон правила, ваша задача е да обрнувате внимание на неговото однесување и да не дозволите тој да биде причина за страв или што било кај некого.

Не смеете да заборавите дека не треба да очекувате другите луѓе да ги доживуваат исто како што вие ги доживувате вашите миленици и мора да имате обѕир за околината. 

Најчестите бон-тон правила што сопствениците на мачки и кучиња ги прекршуваат:

Не дозволувајте да ви се одвлече вниманието кога го шетате кучето

Како што родителите постојано внимаваат на малите деца, и вие треба постојано да внимавате на вашето куче кога сте надвор со него, особено ако околу вас има други кучиња и луѓе.

Дури и да имате навистина мирно куче, не треба да го оставите без надзор бидејќи не знаете какви се останатите кучиња. Покрај тоа, можеби некој ќе сака да го погали вашето куче, а тоа ќе се исплаши и ќе го нападне.

Значи, никако не го тргајте погледот од кучето кога сте надвор со него.

bon-ton-pravila-shto-sopstvenicite-na-machki-i-kuchinja-neretko-gi-zaboravaat-02.jpg

Не инсистирајте кучето да си игра со други кучиња

Нормално е да сакате вашето куче да се социјализира, но никогаш не треба да го присилувате на тоа.

Постојат безброј причини зошто на вашето куче не би му се допаднало некое друго куче и ако забележите дека се држи настрана, оставете го.

bon-ton-pravila-shto-sopstvenicite-na-machki-i-kuchinja-neretko-gi-zaboravaat-03.jpg

Кога се шетате, кучето нека оди веднаш до вас

Можеби вашето куче е навистина мирно, но постојат многу луѓе кои се плашат од овие животни.

Затоа, кучето секогаш треба да биде веднаш до вас, а кога се разминувате со некого, осигурете се дека ќе му дадете доволно простор во случај да се плаши.

Кога, пак, се разминувате со друго куче, најдобро наредете му на вашето да седне додека да помине другото. 

bon-ton-pravila-shto-sopstvenicite-na-machki-i-kuchinja-neretko-gi-zaboravaat-04.jpg

Не го оставајте кучето само пред продавница

Ова може да биде опасно и за кучето, и за луѓето што ќе минуваат покрај него.

Ако времето е многу жешко, кучето може да почне да се чувствува лошо.

Ако, пак, некој што минува се обиде да го погали, можно е кучето да се исплаши и да го нападне. И секако, можеби некој што сте плаши од кучиња ќе сака да влезе во продавницата, но нема да може.

bon-ton-pravila-shto-sopstvenicite-na-machki-i-kuchinja-neretko-gi-zaboravaat-05.jpg

Уште пет правила на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 знаци дека вашето куче не ви верува и се плаши од вас (и како да го промените тоа) Го следи секое ваше движење со погледот, се крие кога ќе ве види и ја одбива хра...
Раси на кучиња кои не лаат многу – совршени за оние кои не сакаат врева Мопс и англиски булдог се раси на кучиња кои лаат многу ретко, па се совршени ак...
Го прегрнувате и уште 8 грешки со кои можете да предизвикате агресија кај кучето, според ветеринари Немојте да го дресирате кучето со казнување – очигледно е зошто удирањето и пока...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg