Лајка, Леси, Хачико – Приказните на најпознатите кучиња во светот кои ден-денес се симбол за лојалност и безрезервна љубов

Таро и Џиро биле дел од тимот од 15 кучиња кои учествувале во јапонската експедиција на Антарктикот, а успеале да преживеат една година таму сосема сами. Лајка била куче скитник, навикната да талка по студените улици на Москва, пред да биде обучена и избрана како единствен патник на „Спутник 2“, советскиот вселенски брод - Кои се некои од најпознатите кучиња во светската историја, за кои слушнал целиот свет.

Prikazni-za-najpoznatite-kuchinja-vo-svetot-koi-den-denes-se-simbol-za-lojalnost-i-bezrezervna-ljubov 01 630x330.jpg

Ќе се согласиме: Скуби-Ду, далматинците Понго и Перди, како и класичната романса Lady and the Tramp на маестрален начин ги пренесуваат сите драги квалитети на нашите омилени миленици.

Кучињата одамна се нашите омилени придружници. Поради нивната скромност и несебичност во срцето тие често наоѓаат начини да бидат во центарот на вниманието, привлекувајќи ја наклонетоста и обожавањето на јавноста, а тоа е она што ја инспирирало листата на најпознатите кучиња во историјата.

Можеби познавате неколку од нив, а и не е изненадувачки што некои од најпознатите кучиња во историјата биле клучни во научните откритија и им помагале на војниците во време на неволја.

Срцепарателни демонстрации на лојалност, инспирација зад филмските ремек-дела, вселенски истражувачи...

Во продолжение за вас издвоивме 9 инспирирачки приказни за најпознатите кучиња на светот кои ден-денес се симбол за лојалност и безрезервна љубов:

Канело

Канело живеел со својот сопственик на југот на Шпанија кон крајот на 80-тите. Тој бил единствениот пријател на постариот човек кој живеел сам и не се одвојувал од него.

Жителите на градот Кадиз често ги гледале како шетаат, а кучето редовно одело со старецот во болница каде тој бил на дијализа. Канело го чекал својот пријател пред вратата на болницата бидејќи животните не смееле да влезат внатре.

Еден ден старецот починал и не излегол од болницата, но кучето сè уште го чекало својот починат пријател, не обрнувајќи внимание на гладот или жедта, ниту пак на студот, дождот и снегот.

Кучето останало пред вратата на болницата цели 12 години чекајќи го неговиот пријател да излезе и да се врати во неговиот дом, сѐ додека во 2002 година не му се придружил поради удар од автомобил.

Во чест на ова верно куче жителите на Кадиз именувале улица по него во нивниот град, а приказната за неговата љубов ќе живее уште долго.

Prikazni-za-najpoznatite-kuchinja-vo-svetot-koi-den-denes-se-simbol-za-lojalnost-i-bezrezervna-ljubov 02 630x380.jpg

Грејфријарс Боби

Грејфријарс Боби е познат Териер од 19-иот век кој живеел во Единбург и поминал 14 години на гробот на својот сопственик до неговата смрт.

Приказната за ова куче стана еден вид легенда која има различни верзии, а за него се напишани неколку книги и филмови, додека неговата статуа во близина на гробиштата стана туристичка атракција.

Според најпознатата верзија на приказната, Боби му припаѓал на полицаецот Џон Греј.

Prikazni-za-najpoznatite-kuchinja-vo-svetot-koi-den-denes-se-simbol-za-lojalnost-i-bezrezervna-ljubov 03 630x380.jpg

Хачико

Хачико (1923 – 1935) е куче од расата Акита познато по истоимениот филм со Ричард Гир во главната улога кој е снимен врз база на вистински случувања.

Хачико и по смртта му останал верен на својот пријател кој бил јапонски професор, а тој во исто време секој ден го чекал на станицата каде што се враќал од работа.

По смртта на професорот, кучето во наредните девет години секој ден доаѓало на станицата токму во времето кога возот на неговиот пријател пристигнувал.

Хачико бил сакан од луѓето кои секојдневно го гледале и носеле храна, а токму тие и ја пренеле приказната. Ова куче стана симбол на лојалност ширум Јапонија, а родителите и наставниците и ден-денес преку оваа приказна ја пренесуваат пораката за пријателство и лојалност на децата.

Врз основа на приказната за ова куче се снимени два филма и се напишани неколку книги, а секоја година на железничката станица Шибу се одржува свечена церемонија во чест на Хачико.

Prikazni-za-najpoznatite-kuchinja-vo-svetot-koi-den-denes-se-simbol-za-lojalnost-i-bezrezervna-ljubov 04 630x380.jpg

Боби

Боби – чудото од куче стана познато откако помина 4.105 километри за да се врати дома. Ова куче живеело во 1920-тите во САД. Додека неговото семејство било на пат, Боби се изгубил.

По долга потрага, семејството се вратило дома тагувајќи по своето куче, кое ги изненадило шест месеци подоцна кога го виделе на прагот.

По овој настан, тој заслужено стекна голема слава и доби стотици писма од обожавателите. Ова куче дури се играше себеси во филмот The Call of the West.

Prikazni-za-najpoznatite-kuchinja-vo-svetot-koi-den-denes-se-simbol-za-lojalnost-i-bezrezervna-ljubov 05 630x380.jpg

Лајка

Како да не ја споменеме Лајка, кога темата се познатите кучиња во историјата?

Лајка била куче скитник, навикната да талка по студените улици на Москва, пред да биде обучена и избрана како единствен патник на „Спутник 2“, советскиот вселенски брод. За жал, таа почина неколку часа по лансирањето.

Во тоа време, советските власти им кажаа на медиумите дека Лајка била евтанизирана пред да се потроши кислородот - сепак, во јавноста стана познато дека таа починала поради прегревање на кабината.

Во близина на воениот објект каде што се обучувала, бил изграден споменик посветен на нејзиното големо име. Приказна со трагичен крај, каде човечката негрижа и недостатокот на етички вредности го заземаат централно место.

Prikazni-za-najpoznatite-kuchinja-vo-svetot-koi-den-denes-se-simbol-za-lojalnost-i-bezrezervna-ljubov 06 630x380.jpg

Таро и Џиро

Таро и Џиро се јапонски национални херои. Овие две кучиња близнаци биле дел од тимот од 15 кучиња кои учествувале во јапонската експедиција на Антарктикот во 1957-ма година.

Кога областа била погодена од голема бура, истражувачите биле спасени со хеликоптер, но за жал кучињата морале да останат. Една година подоцна, членовите на друга експедиција пронашле куп мртви кучиња на Антарктикот, но и две живи.

Тие живееле една година во неверојатно тешки услови, но остатоците од мртвите кучиња покажале дека Таро и Џиро ги почитувале и не го јаделе нивното месо. Се претпоставува дека научиле да ловат пингвини и така се хранеле.

Џиро живеел многу кратко по враќањето во Јапонија, а Таро уште 10 години.

Нивните тела биле балсамирани по смртта и се чувале во два различни јапонски музеи. Постојат два филма за храбрите близнаци и тоа: Antartic кој е снимен во 1983 година и Eight Below од 2006 година, потпишан од компанијата Дизни.

Prikazni-za-najpoznatite-kuchinja-vo-svetot-koi-den-denes-se-simbol-za-lojalnost-i-bezrezervna-ljubov 07 630x380.jpg

Леси

Во 1915-та година германска подморница удрила во брод и во несреќата животот го загубиле над 500 жртви. 

Локалниот сопственик на паб ја понудил својата визба како мртовечница на привремена смена.

Кога телата биле положени на студениот камен под, Леси – кучето на сопственикот на пабот се пробило низ труповите и почнало да го лиже лицето на една од жртвите и останало блиску до него, греејќи го со своето тело повеќе од половина час.

На општо чудење, човекот, за кого подоцна се морепловецот Џон Кауан се разбудил од лижењето на вредното куче. Кауен бил однесен во болница и на крајот целосно закрепнал. Подоцна, тој се вратил повторно да ја види Леси и да ја покаже својата благодарност до сите што помогнале да се спаси.

Prikazni-za-najpoznatite-kuchinja-vo-svetot-koi-den-denes-se-simbol-za-lojalnost-i-bezrezervna-ljubov 08 630x380.jpg

Мкомбози

Мкомбози е женско куче од Нигерија кое му го спасило животот на напуштено бебе во 2005-та година.

Додека барала храна, Мкомбози наишла на бебе оставено покрај патот и потоа водена од мајчиниот инстинкт го однела бебето кај своите кученца.

Плачот на бебето го слушнале момчиња чија мајка подоцна го посвоила напуштеното бебе.

Prikazni-za-najpoznatite-kuchinja-vo-svetot-koi-den-denes-se-simbol-za-lojalnost-i-bezrezervna-ljubov 09 630x380.jpg

Бетси

Едно од најинтелигентните кучиња во светот е Бетси, која е родена во 2002-ра година во Виена.

Таа стана позната кога нејзиниот сопственик ги пријави нејзините способности во списанието National Geographic, кое бараше интелигентни животни за проучување.

Откриено е дека нејзиниот вокабулар содржи околу 340 зборови и се верува дека ова неверојатно куче ги учи зборовите на сличен начин како децата, па дури и побрзо.

Психологот Стенли Корен тврди дека Бетси може да препознае предмети од фотографија и знае имиња на петнаесет луѓе.

Prikazni-za-najpoznatite-kuchinja-vo-svetot-koi-den-denes-se-simbol-za-lojalnost-i-bezrezervna-ljubov 10 630x380.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Совети за шетање куче (ќе им се најдат на новите сопственици, без искуство) Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку...
Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg