Грешки кои ги правите додека го обликувате стомакот

Сите сакаме стегнати стомачни, посебно кога се приближува летото и сезоната на бикините. Меѓутоа, и самите сте свесни дека тој не се обликува преку ноќ.

greski-koi-gi-pravite-dodeka-go-oblikuvate-stomakot-001.jpg

Многумина подлегнуваат на многу нездрави начини и навики кои веруваат дека ќе им помогнат да ја остварат оваа цел, но за жал, овие работи за кои мислиме дека се сигурниот пат до рамниот стомак - најчесто се само мит.

Секој има стомачни мускули, важни се вежбите

Тие само се скриени под слојот на масти кои се собрале во тој предел. Ако сакате да имате стомачни, покрај вежбите за нив, обрнете внимание на согорувањето на мастите за мускулите да можат да се видат.

Изгладнување

Можеби мислите дека ова е единствен начин за да го израмните вашиот стомак, но грешите. Всушност, единствено нешто што ќе добиете од изгладнувањето е болест и недостаток на енергија. Кога значајно го намалувате бројот на калории во организмот, вашиот метаболизам се забавува и наместо да троши масти, ги чува како залиха и ги складира.

Пилули и додатоци

Додатоците во исхраната не само што го празнат вашиот џеб, туку и сериозно може да го загрозат вашето здравје. Многумина не ни знаат какви состојки има во таа таблетка, што значат и колку се опасни.

Подготвена диетална храна

Постојат многу производи кои гарантираат дека се диетални и дека ги содржат сите хранливи состојки, со минимален број на калории. Тоа е најчесто лага. Диеталните производи обично содржат аспартам кој е штетен по здравјето. Затоа, храната подготвувајте ја сами.

Избегнувате јаглени хидрати

Ова е апсолутна заблуда, затоа што е возможно да консумирате јаглени хидрати и притоа да слабеете. Всушност, тие се многу потребни за здравјето на организмот. Единственото нешто што треба да го избегнувате се грицките, брзата храна, мрсните теста и преработената храна. Храната која се прави од цели зрна, кафеав ориз и останатите интегрални производи се одлични за вашиот организам и не треба да се откажете од нив.

Оваа 3 - дневна диета во комбинација со овие 4 вежби е одличен избор за обликување на стомачните мускули. Голем плус се и освежителните пијалаци за рамен стомак, како што е саси водата.

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
7 вежби за рамен стомак за кои не треба да станете од столот Ако сте од оние помрзливите, но сепак сонувате за рамен стомак, тогаш сигурно ќе...
4 лесни вежби за стомак, задник и нозе Со едно обично столче и малку добра волја, можете да правите едноставни вежби и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg