4 едноставни вежби за рамен стомак

Иако летото е сè поблиску до вас, вие сè уште не сте во топ форма за вашето бикини. Правите стомачни вежби, одите во теретана, се храните здраво, но, сепак немате резултати. Не грижете се, постои решение.

4-ednostavni-vezbi-za-ramen-stomak-01

Со овие 4 едноставни вежби ќе го затегнете, не само вашиот стомак, туку и останатите делови на телото кои планирате да ги покажете во вашето секси бикини.

Прва вежба

Купете мали тегови кои ќе ви служат за држење рамнотежа повеќе отколку за затегнување на бицепсите.

Пуштете ја омилената песна, застанете во исправена положба со благо раширени нозе и виткајте го телото на страна без да ги свиткувате колената.

Бројот на виткањa на телото е неограничен. Правете ја вежбата сè додека чувствувате дека може да издржите.

4-ednostavni-vezbi-za-ramen-stomak-1


Втора вежба

Седнете на подот со свиткани нозе и подгответе се за игра.

Еден од теговите земете го во раце и раширете ги нозете, кревајќи ги благо нагоре. Почнете да го префрлате бавно тегот од една во друга рака под и над колената во форма на бројот осум.

Освен што ќе ги затегнете стомачните мускули, ќе го победите и целулитот, а вашите нозе ќе станат поцврсти.

4-ednostavni-vezbi-za-ramen-stomak-2


Трета вежба

Легнете на подот со исправени нозе. Едната рака потпрете ја на земјата и почнете постепено да ги кревате нозете без да ги виткате колената во насока на вашето лице, допирајќи ги со другата исправена рака.

Вежбата повторете ја 10 – 20 пати, зависно од вашата кондиција.

4-ednostavni-vezbi-za-ramen-stomak-3


Четврта вежба

Застанете во исправена положба, со рацете позади главата. Раширете ги нозете и благо потклекнете со исправен грб. Спуштајте се полека кон левата, па кон десната страна, скоро допирајќи го лактот со коленото.

Повторувајте ги овие вежби секој ден и резултатите ќе бидат видливи. Не само што ќе имате секси рамен стомак на кој ќе ви завидуваат, туку и задникот и нозете нема да останат незабележани.

Секако, не заборавајте да консумирате секојдневно минимум 8 чаши вода, која помага да стигнете до совршената фигура.

4-ednostavni-vezbi-za-ramen-stomak-4

Би можело да ве интересира:

„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg