Вежби за задник кои ќе им одговараат и на оние кои цел живот се излежуваат

Наместо да посакувате убав и стегнат задник ова лето, преземете нешто и почнете со овие едноставни вежби.

vezhbi-za-zadnik-koi-kje-im-odgovaraat-i-na-onie-koi-cel-zhivot-se-izlezhuvaat-01.jpg

Доколку сакате да постигнете резултат, мора малку да се помачите, но може да почнете со лесни вежби кои носат добри резултати.

Тајната за успех се крие во упорноста, па ако сакате да постигнете добар резултат, потрудете се секој ден да вежбате.

Во продолжение ви предлагаме неколку вежби кои ги практикуваат дури и ангелите на Victoria’s Secret.

15-минутен секојдневен тренинг со лесни вежби за затегнат задник:

Вежба 1

Застанете исправено со рацете пуштени покрај телото и ставете го глуждот од левата нога на коленото на десната.

Чучнете, а додека се спуштате поставете ги рацете пред вас во висна на рамениците како на фотографијата и не го навалувајте телото многу нанапред.

Повторете 15 пати со едната и 15 пати со другата нога.

vezhbi-za-zadnik-koi-kje-im-odgovaraat-i-na-onie-koi-cel-zhivot-se-izlezhuvaat-02.jpg

Вежба 2

Легнете на стомак на рамна површина и свиткајте ги нозете во колената.

Кренете ја едната нога колку што можете нагоре и обидете се колковите да ви останат прилепени за подот. Движењата правете ги бавно.

Повторете 15 пати со двете нозе.

vezhbi-za-zadnik-koi-kje-im-odgovaraat-i-na-onie-koi-cel-zhivot-se-izlezhuvaat-03.jpg

Вежба 3

Застанете исправено со рацете свиткани кај лактот, така што дланките ќе ви дојдат во линија со рамениците.

Скокнете и кренете ги рацете нагоре, а при спуштањето, чучнете и допрете го подот со дланките.

При враќање во почетна положба држете го грбот исправен.

Повторете 20 пати.

vezhbi-za-zadnik-koi-kje-im-odgovaraat-i-na-onie-koi-cel-zhivot-se-izlezhuvaat-04.jpg

Вежба 4

Клекнете на колена и навалете се нанапред така што ќе се потпрете на лактите, а едната нога ќе ја кренете поставена паралелно со подот.

Полека, нишајте се дијагонално, прво кон ногата на која се потпирате, па потоа на другата страна.

Повторете 20 пати со двете нозе.

vezhbi-za-zadnik-koi-kje-im-odgovaraat-i-na-onie-koi-cel-zhivot-se-izlezhuvaat-05.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

„Една недела ги правев интензивните вежби на Меган Фокс – што ми се допадна, а што не?“ „Ова е мошне ефективен начин на вежбање и лесно може да се вклопи во густиот рас...
Пред и потоа фото-споредби: Доказ дека здравата исхрана и вежбањето навистина прават чуда Една од најчестите новогодишни одлуки е здрава исхрана, вежбање и ослободување о...
„Истегнувањето не помага“ - Ослободете се од болките во вратот со 3 лесни вежби (видео) „Болките во вратот настануваат како последица на неправилно седење, па само исте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg