Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 грешки при вежбањето поради кои не гледате резултати и го зголемувате ризикот од повреда

Ако конечно се убедивте да почнете со вежбање и да бидете поактивни, не заборавајте дека си правите огромна услуга. Но, ако сте почетници, мора да бидете свесни и за најчестите грешки во вежбањето.

10-greshki-pri-vezhbanjeto-poradi-koi-ne-gledate-rezultati-i-go-zgolemuvate-rizikot-od-povreda-01.jpg

Ако неколку недели не забележувате никаков резултат, или после секој тренинг чувствувате многу болка, голема е веројатноста да правите нешто погрешно.

Затоа, погледнете кои се најчестите грешки при вежбање кои треба да ги избегнувате:

Го прескокнувате загревањето

Ако сакате да ги избегнете повредите, пред да почнете со вежбање, важно е да се загреете. Загревањето нема да ви одземе повеќе од 10-тина минути, а ќе ви помогне да го подготвите телото за претстојниот тренинг.

Пред да почнете со тренингот, препорачливо е да ги раздвижете зглобовите, а можете да направите и неколку едноставни кардио вежби. На крајот од вежбањето, пак, истегнете ги мускулите за да ги релаксирате.

10-greshki-pri-vezhbanjeto-poradi-koi-ne-gledate-rezultati-i-go-zgolemuvate-rizikot-od-povreda-02.jpg

Почнувате со вежби со тегови

Ако сте почетници или не сте вежбале долг период, немојте веднаш да почнувате со вежби со тегови. На почетокот најдобро е да ја користите тежината на вашето тело, со вежби како склекови, планк и слично.

Во спротивно, многу ќе ги оптоварите мускулите и следниот ден ќе чувствувате многу болка, па брзо ќе изгубите мотивација за вежбање.

10-greshki-pri-vezhbanjeto-poradi-koi-ne-gledate-rezultati-i-go-zgolemuvate-rizikot-od-povreda-03.jpg

Ги прескокнувате паузите или правите долги паузи

Постои причина зошто сите фитнес тренери велат да правите пауза помеѓу две серии вежби. Овие паузи, иако траат само неколку секунди, се клучни за закрепнувањето на мускулите и им даваат време да се подготват за следната вежба.

Истовремено, не би требало да правите многу долги паузи помеѓу две серии. Во зависност од интензитетот на вежбите, паузите обично треба да траат од 10-тина секунди, до најмногу 5 минути.

10-greshki-pri-vezhbanjeto-poradi-koi-ne-gledate-rezultati-i-go-zgolemuvate-rizikot-od-povreda-04.jpg

Не внесувате доволно протеини

Не е важно само вежбањето, многу важна е и вашата исхрана. Ако сте активна личност и редовно вежбате, не заборавајте дека на вашиот организам му требаат многу протеини.

Без разлика дали сакате да ја зголемите мускулната маса или само да ја одржувате линијата, протеините треба да бидат дел од вашата исхрана.

10-greshki-pri-vezhbanjeto-poradi-koi-ne-gledate-rezultati-i-go-zgolemuvate-rizikot-od-povreda-05.jpg

Секојпат ги правите истите вежби

Ако некогаш сте оделе во теретана, веројатно сте забележале дека секој ден се вежбаат различни мускулни групи, што значи се прават и различни вежби.

Не е важно дали сакате да ги затегнете само нозете или стомакот - во вашата рутина треба да има вежби што ќе го активираат целото тело.

10-greshki-pri-vezhbanjeto-poradi-koi-ne-gledate-rezultati-i-go-zgolemuvate-rizikot-od-povreda-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Една недела ги правев интензивните вежби на Меган Фокс – што ми се допадна, а што не?“ „Ова е мошне ефективен начин на вежбање и лесно може да се вклопи во густиот рас...
8 чести грешки на кои треба да обрнете внимание кога правите чучнувања за да ги избегнете повредите Го искривувате грбот, не клекнувате доволно, ги кревате петите – сигурно правите...
Користете ги предметите во домот и уште 4 совети за ефикасно вежбање во домашни услови Одвојте место само за вежбање, направете си план и наместо да купувате опрема, и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg