„Јас сум љубовница на женетите мажи - Што треба да прават жените за сопругот да не ги изневери?“

„Вашиот партнер ќе остане со вас само ако му ги исполните сексуалните фантазии“ - вели Ејми која постојано се гледа со женети мажи. Врз основа на поплаките што ги слушнала од нив, таа ги предупредува жените на што треба да внимаваат ако не сакаат партнерот да ги изневери.

jas-sum-ljubovnica-na-zhenetite-mazhi-shto-treba-zhenite-da-napravat-za-da-se-bidat-sigurni-deka-partnerot-nema-da-gi-izneveri-18-01.jpg

Ејми Капс (33) од Северна Каролина, САД е пораншена учителка и модел, а вели дека секогаш била во врска само со оженети мажи.

Таа неодамна откри неколку работи што жените би требало да ги направат доколку сакаат да се осигурат дека партнерот никогаш нема да ги изневери.

jas-sum-ljubovnica-na-zhenetite-mazhi-shto-treba-zhenite-da-napravat-za-da-se-bidat-sigurni-deka-partnerot-nema-da-gi-izneveri-18-02.jpg

Како што вели, таа постојано ги слуша мажите како се жалат за истите работи и, според неа, жените можат да применат неколку сигурни трикови со кои ќе го спречат сопругот или партнерот да ги изневери.

„Вашиот партнер ќе остане со вас, само ако му ги исполните сексуалните фантазии.

Клучно е често да му пружате задоволство на партнерот.

Потребно е да бидете отворени да ја промените бојата на косата или да носите нешто што вообичаено не би го носеле.

jas-sum-ljubovnica-na-zhenetite-mazhi-shto-treba-zhenite-da-napravat-za-da-se-bidat-sigurni-deka-partnerot-nema-da-gi-izneveri-18-03.jpg

Бидете секси во јавност – мажите сакаат самодоверба, па затоа не се срамете да го покажете задникот или да носите смело деколте.

Доколку сте конзервативни и прекриени, многу е веројатно дека тој ќе побегне“ – вели таа.

Ејми им препорачува на жените да бидат поспонтани и подготвени за авантури.

„Покажете дека сакате да ризикувате, дека сте возбудливи и никогаш немојте да се срамите од јавните изливи на емоции.

Дознајте кои му се фантазиите и секогаш ќе го имате до себе. Мажите гледаат порно филмови со причина.

Ако сакате никогаш да не ви побегне, потребно е да бидете негова порно ѕвезда“ – вели таа.

jas-sum-ljubovnica-na-zhenetite-mazhi-shto-treba-zhenite-da-napravat-za-da-se-bidat-sigurni-deka-partnerot-nema-da-gi-izneveri-18-05.jpg

Таа вели дека како модел на OnlyFans и како љубовница на женетите мажи, слушнала голем број поплаки, а нејзините клиенти најчесто се жалат дека „сопругата повеќе не сака да има секс со нив“, „децата им го уништиле интимниот живот“ или „сопругата им е здодевна, нема сексапил и никогаш не сака да се впушта во нови авантури“.

Ејми признава дека самата одлучила да отвори профил на OnlyFans откако дознала дека сопругот ја изневерува и на тој начин сакала да ја разбуди страста во врската.

Но, набрзо тој станал многу љубоморен, по што се разделиле.

Затоа, денес се гледа само со оженети мажи, а вели дека воопшто не ѝ е грижа дали некој во иднина би ја изневерил.

jas-sum-ljubovnica-na-zhenetite-mazhi-shto-treba-zhenite-da-napravat-za-da-se-bidat-sigurni-deka-partnerot-nema-da-gi-izneveri-18-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg