Прашувам за пријател: Со партнерот не сме имале секс една година - дали е тоа проблем? (18+)

Не паничете, причини за ова може да има многу, како грижата за децата, стресот од работа, тага поради нечија смрт/болест, рутина и недостиг од страст и низа други фактори.

prashuvam-za-prijatel-so-partnerot-ne-sme-imale-seks-edna-godina-dali-e-vazhno-toa-01.jpg

„Со партнерот не сме имале секс една година - дали е важно тоа за врската? Штети ли?“- прашувам за пријател...

Ви се случило ли вака да пристапите кога советот всушност ви е потребен за самите вас, но ви е незгодно да прашате.

Ве мачи ли тоа? Кејт Мекензи, експерт за секс и врски, од Велика Британија говори на темата...

Таа вели дека сосема е нормално да минувате низ периоди од врската кога имате помалку секс, но тоа не треба да ве паничи.

Но, што кога тоа трае долго, па дури и една година?

Не паничете, причини за ова може да има многу, како грижата за децата, стресот од работа, тага поради нечија смрт/болест, рутина и недостиг од страст и низа други фактори.

prashuvam-za-prijatel-so-partnerot-ne-sme-imale-seks-edna-godina-dali-e-vazhno-toa-02.jpg

Тоа што е важно е како вие се чувствувате во врска со тоа и што кажува тоа за вашата врска.

„На некои луѓе им е сосема во ред и со и без секс во врската, тие се чувствуваат безбедно, поврзано и посветено еден на друг“, вели Кејт Мекензи, експерт за секс и врски.

Но, таа споделува дека е проблем кога недостигот од секс асоцира на недостиг од поврзаност и кога двајцата партнери се чувствуваат различно во врска со тоа.

„Мора да седнете и да разговарате со партнерот, што функционира, а што не за вас двајца и да сфатите како да направите да функционира за двајцата. Најважно е да си кажете како се чувствувате поради недостигот од секс и да процените што мислите дека ве довело до таа ситуација.

Понекогаш мора да направите директно барање до партнерот од типот ‘Сакам да одиме на викенд, со масажа и секс’ или пак индиректно – да резервирате вечера во ресторан, да облечете секси облека итн.“.

Во долгите врски задолжително е да работите на тоа за да ја одржите искрата жива.

Кејт споделува неколку совети за тоа:

1. Поврзете се одново емоционално – мора да се чувствувате безбедно за да имате желба за секс, мора да се чувствувате слушнато и разбрано за да сакате секс.

2. Поврзете се физички, но без притисок – милувајте се, допирајте се, минувајте време голи, без притисок да правите нешто повеќе.

3. Разгорете го огнот правејќи совршено расположение – не може да се чувствувате ненадејно секси, но може ако се средите, ако флертувате, ако организирате некоја забавна заедничка активност.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg