Што мразат жените во кревет и уште 6 прашања за сексот што мажите се плашат да ги постават (18+)

Дали жените уживаат во орален секс, зошто тешко доживуваат оргазам и дали чувството е поразлично со кондом, се само дел од прашањата што си ги поставуваат мажите во врска со жените и сексот... Кои се одговорите?

shto-mrazat-zhenite-vo-krevet-i-ushte-6-prashanja-za-seksot-shto-mazhite-se-plashat-da-gi-postavat-18-01.jpg

Бидејќи сè уште постои некоја стигма околу отвореното разговарање за секс, многу мажи имаат прашања во врска со жените кои се плашат да ги постават.

Поради тоа, секс терапевтот Трејси Кокс одговара на дел од нив.

Прашања за сексот што мажите се плашат да им ги постават на жените:

Дали чувството е поразлично со кондом?

Има разлики во чувството, но на жените им е поважно тоа што се заштитени од сексуално преносливи болести и несакана бременост.

Кај некои жени одредени кондоми можат да предизвикаат иритација и неудобност, но овој проблем се решава едноставно – користење друг бренд на кондоми на пример.

Иако чувството е малку поразлично, далеку од тоа дека сексот со кондом не им причинува задоволство на жените.

Дали жените навистина уживаат во орален секс?

Трејси цитира истражување од 2016 година, според кое 28% од жените навистина уживале да му пружат орален секс на партнерот, околу половина изјавиле дека понекогаш уживаат, додека 17% не уживале воопшто.

Што значи, одговор на прашањето е субјективен. Некои жени сакаат да им пружаат орален секс на партнерот, некои не.

Она што е важно е партнерот да ги почитува желбите на партнерката и да разговара со неа пред да иницира орален секс.

shto-mrazat-zhenite-vo-krevet-i-ushte-6-prashanja-za-seksot-shto-mazhite-se-plashat-da-gi-postavat-18--02.jpg

Дали жените уживаат во анален секс?

И овојпат, зависи од самата жена. Додека повеќето жени преферираат вагинален секс, постојат и оние кои уживаат во анален секс.

За некои жени аналниот секс е дури и болен.

Па, немојте да инсистирате на анален секс ако партнерката ви каже дека не сака.

Што е најлошото нешто што мажите можат да го направат во кревет?

Трејси вели дека низ годините слушнала безброј поплаки.

Дел од оние кои се повторувале се: го сфаќаат лично тоа што партнерката нема да доживее оргазам, навредени се кога партнерката им дава насоки и им кажува што ѝ се допаѓа, а што не, премногу се груби, мислат дека жените го сакаат она што се случува во филмовите за возрасни...

Зошто на жените им е потешко да доживеат оргазам?

Трејси истакнува дека кога мастурбираат, жените доживуваат оргазам многу лесно. Но, она што ги интересира мажите е зошто тие не доживуваат оргазам лесно за време на секс, како мажите.

Причината за ова е женската анатомија - клиторисот се наоѓа надвор од вагината. А, стимулацијата на клиторисот е најлесен начин да се доживее оргазам.

За некои жени доволна е и само пенетрација, но на повеќето им треба стимулација на клиторисот.

shto-mrazat-zhenite-vo-krevet-i-ushte-6-prashanja-za-seksot-shto-mazhite-se-plashat-da-gi-postavat-18-03.jpg

За што фантазираат жените?

Трејси вели дека кога станува збор за сексуални фантазии, нема многу разлики помеѓу мажите и жените.

„Ако мислите дека фантазиите на жените се романтични, како секс на плажа додека заоѓа сонцето, размислете повторно. Новите анкети покажуваат дека нивните фантазии можат да бидат исто ’валкани‘ како и вашите“.

Дали на жените им пречи што мажите гледаат порно филмови?

Во овој случај, мислењето е поделено. Некои жени сметаат дека е во ред нивниот партнер да гледа порно филмови, а некои сметаат дека ова има лошо влијание врз врската.

За некои жени, гледањето порно филмови е само за мастурбација, додека некои го доживуваат како изневерување.

Што значи, најдобро е да разговарате со партнерката за ова прашање.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg