Како да доживеам оргазам и одговор на уште 8 од најгугланите секс прашања

Зошто чувствувам болка за време на секс?

Болката за време на секс може да се јави од разни причини и може да биде различна. Може да се јави болка само додека трае пенетрацијата, а може да се јави и болка која трае и по односот.

Најчестата причина за болка при пенетрација е недоволна лубрикација на вагината.

Ова се случува кога вагината не се навлажнува доволно поради кратка предигра, менопауза, доење, пиење одредени лекови…

Болката може да биде предизвикана и од инфекција или воспаление во областа на гениталиите.

Во некои случаи, болката може да биде знак за посериозни проблеми како ендометриоза.

Ако чувствувате болка за време на секој сексуален однос, без разлика дали само при пенетрацијата или и потоа, препорачливо е да се консултирате со гинеколог.

odgovori-na-del-od-najguglanite-seks-prashanja-05.jpg

Зошто крвавам по секс?

Постојат неколку причини за крвавење по сексуален однос, а некогаш ова може да биде знак и за проблем со здравјето.

Крвавењето може да се појави поради инфекција, сувост во вагината, оштетување на вагината предизвикано од породување и слично.

Во многу ретки случаи, крвавењето по секс може да биде знак за рак.

Ако ви е случи да крвавите само еднаш, а притоа немате други симптоми како болка, чешање и слично, најверојатно не постои причина за грижа.

Но, ако крвавењето се случува често, одете на гинеколог.

Како да издржам подолго во кревет?

Ако имате сериозен проблем со прерана ејакулација, тогаш е најдобро да се консултирате со лекар за да ја откриете причината.

Исто така, важно е да знаете дека во просек, на мажите им се потребни околу седум минути за да доживеат оргазам за време на секс.

Сепак, постојат начини да ја одложите ејакулацијата.

Наједноставно е да ја продолжите предиграта – со ова ќе имате повеќе време да се посветите на уживањето на партнерката.

Друг трик е прекинување на стимулацијата штом ќе почувствувате дека сте пред оргазам. Почекајте неколку секунди, па продолжете.

На некои мажи им помага и длабокото дишење – на овој начин полесно ќе се контролирате.

odgovori-na-del-od-najguglanite-seks-prashanja-06.jpg

Што да правам ако имам сексуално пренослива болест?

Ако се сомневате дека сте се заразиле со сексуално пренослива болест поради ризичен секс или бидејќи чувствувате симптоми, веднаш одете на лекар.

Факт е дека постои стигма околу сексуално преносливите болести, но ова не треба да ве спречи веднаш да побарате помош.

Не можете да се дијагностицирате сами и само лекар може да утврди дали ќе ви треба некаква терапија.

Дури и ако не чувствувате симптоми, доколу сте имале незаштитен секс со непозната личност, препорачливо е да се тестирате.

odgovori-na-del-od-najguglanite-seks-prashanja-07.jpg

Како да се подготвам за анален секс?

Доколку сакате да пробате анален секс, навистина е важно да се подготвите.

Аналниот секс може да биде болен без правилна подготовка.

Најпрво, важно е вие да имате желба, а не да пробувате бидејќи партнерот ве притиска – само вака ќе можете целосно да се релаксирате и да уживате.

За време на анален секс важно е да користите многу лубрикант бидејќи за разлика од вагината, аналниот отвор не се навлажнува сам.

Препорачливо е предиграта да трае подолго, а притоа партнерот да ги користи прстите пред пенетрација за да ви помогне да се релаксирате.

На почетокот темпото треба да биде бавно, за да не чувствувате болка.

Важно е да му кажете на партнерот ако ви е непријатно или чувствувате болка – во тој случај престанете.

По анален секс, избегнувајте орален или вагинален секс бидејќи постои опасност да разнесете штетни бактерии.

Прочитајте и: Одговори на 8-те најгуглани секс прашања

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Луѓе споделуваат искуства за брак и врски без секс: „Поминаа три години откако бевме интимни“ „Јас сум во врска без секс и навистина не знам што да правам. Поминаа три години...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg