Како да доживеам оргазам и одговор на уште 8 од најгугланите секс прашања

Што да правам ако имам сексуално пренослива болест, како да доживеам оргазам, како се зголемува либидото, зошто чувствувам болка се дел од најгугланите прашања поврзани со секс... Кои се одговорите?

odgovori-na-del-od-najguglanite-seks-prashanja-01.jpg

Гугл е одлична алатка која ни овозможува да истражуваме за безброј теми. Гугл е и алатка која ни овозможува да најдеме одговори на прашањата што некогаш ни е непријатно да ги поставиме некому.

Дел од најгугланите секс прашања изминативе неколку години:

Како да доживеам оргазам?

За скоро сите мажи, навистина е лесно да доживеат оргазам. Жените, од друга страна, се малку покомплицирани.

За повеќето жени, не е доволна само пенетрацијата за да доживеат оргазам и им треба стимулација на клиторисот.

Бидејќи секоја жена е различна, важно е да го истражите вашето тело да видите што ви се допаѓа, а потоа да бидете отворени со партнерот и да му кажете што сакате.

odgovori-na-del-od-najguglanite-seks-prashanja-02.jpg

Како се мастурбира?

Мастурбацијата често се гледа како табу тема, но важно е да знаете дека не треба да се срамите од неа, без разлика дали сте маж или жена.

Мастурбацијата е начин да го истражите вашето тело и да откриете што ви се допаѓа.

Што значи, нема правила кои треба да ги следите. Едноставно, допирајте се, ако сакате користете играчки, експериментирајте…

Додека мастурбирате, немојте да размислувате само на оргазмот, туку уживајте во целото искуство.

Колку калории согорува сексот?

Одговорот на ова прашање може да варира во зависност од времетраењето на односот, како и интензитетот.

Според истражување спроведено на Универзитетот во Монтреал, во просечен сексуален однос мажите согоруваат 101 калорија, додека жените – 69 калории.

Според авторите на истражувањето, мажите согоруваат повеќе калории бидејќи обично се потешки, па за иста активност им требаат повеќе калории.

Генерално, авторите велат дека со еден сексуален однос, ќе согорите помеѓу 70 и 100 калории.

odgovori-na-del-od-najguglanite-seks-prashanja-03.jpg

Како се зголемува либидото?

Ако имате проблеми со либидото, важно е да го најдете коренот.

Без разлика на полот, либидото може да се намали поради стрес, анксиозност, проблеми со здравјето, проблеми во врската/бракот, пиење одредени лекови и многу други фактори.

Имајте на ум и дека либидото може да варира – некогаш да имате поголема, а некогаш помала желба за секс. Ако ова варирање не ви претставува сериозен проблем во секусалниот живот, не треба да ве загрижува.

Кога ќе ја најдете причината за ниското либидо, почнете да работите на проблемот. Ако, на пример, причината е стрес, најдете повеќе време за релаксација и ако треба разговарајте и со професионалец.

Доколку не можете сами да ја утврдите причината за намаленото либидо, секогаш е добро да се консултирате со лекар.

odgovori-na-del-od-najguglanite-seks-prashanja-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg