„Го изневерувам дечкото секогаш кога одам на одмор, во странство важат други правила“

Жена од Англија смета дека е во ред да го изневерува партнерот кога е на одмор, бидејќи кога била во странство, важеле други правила, па неверството „не било вистинско“. Таа вели: „Верувам дека имам големо либидо кое се истакнува кога сум на одмор. Јас и пријателките сме атрактивни девојки, па секогаш добиваме внимание од мажите...“

go-izneveruvam-dechkoto-sekogash-koga-odam-na-odmor-vo-stranstvo-vazhat-drugi-pravila-01.jpg

За повеќето луѓе, неверството е најголемото предавство што може да го доживеат од партнер и обично значи и крај на врската.

Но, некои луѓе имаат разни ставови за изневерувањето на партнерот.

Овде спаѓа и 34-годишна Британка која за британскиот медиум Mirror открива дека секојпат кога оди на одмор, го изневерува партнерот.

Нејзиниот изговор е дека кога е во странство, важат други правила, па неверството „не се важи“.

go-izneveruvam-dechkoto-sekogash-koga-odam-na-odmor-vo-stranstvo-vazhat-drugi-pravila-05.jpg

Жената, која го крие својот идентитет и се нарекува Џорџи, вели дека со години го правела ова.

Оваа бизарна „традиција“ почнала кога имала 20-тина години и првпат била во сериозна врска.

„Бев во Грција со пријателките. Изневерив со дечко кој престојуваше во истиот хотел бидејќи моите и неговите пријатели се дружеа.

Неколкупати бевме заедно и до денес мислам на тоа!“

go-izneveruvam-dechkoto-sekogash-koga-odam-na-odmor-vo-stranstvo-vazhat-drugi-pravila-03.jpg

Џорџи и сегашниот партнер се пет години во врска, а таа планирала и да се венча со него.

Истовремено, истакнува дека никогаш не ни помислила да го изневери партнерот додека е во Англија, но кога одела во странство, се претворала во друга личност.

Џорџи е убедена дека не прави ништо погрешно.

„Мислам дека не грешам. Единствено се случува кога сум во друга држава. Можеби има некои мали причини. Едноставно, се чувствувам послободно кога сум во странство.

Верувам дека имам големо либидо кое се истакнува кога сум на одмор. Јас и пријателките сме атрактивни девојки, па секогаш добиваме внимание од мажите.

Неколкупати воопшто не сум имала секс, туку само сум разговарала и сум се бакнувала со други мажи“.

go-izneveruvam-dechkoto-sekogash-koga-odam-na-odmor-vo-stranstvo-vazhat-drugi-pravila-02.jpg

Партнерот на Џорџи воопшто не бил свесен за нејзините неверства. Истовремено, таа била сигурна тој никогаш нема да ја изневери.

„Мислам дека правилата се различни во странство бидејќи не се вклучени никакви емоции. Далеку сум и има многу мали шанси партнерот да ме фати како дома, па мислам дека не е исто.

Ако партнерот дознае, сигурно би бил разочаран. Но, никогаш нема да дознае, па сметам дека не вреди да се зборува за тоа. Штом ќе се венчаме, дефинитивно нема да го изневерувам“.

go-izneveruvam-dechkoto-sekogash-koga-odam-na-odmor-vo-stranstvo-vazhat-drugi-pravila-04.jpg

Очекувано, во коментари на објавата на Mirror, многумина ја осудуваат жената:

„Жал ми е за нејзиниот партнер и се надевам дека нема да се венчаат. Тој брак не би траел, а ако имаат деца, ќе бидат повредени од нејзините постапки“.

„Ако го изневеруваш, тогаш не треба да бидеш со него“.

„Никогаш нема изговор за неверство“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
„Ја изневерувам жена ми 11 години - ќе ви откријам 7 знаци кои укажуваат дека партнерот ве изневерув... Мажот што изневерил почнува да покажува чувство на вина на најразлични начини. М...
„Велосипед“ - Секс поза со која ќе го излудите партнерот (18+) Оваа секс поза е одлична за да го излудите партнерот затоа што му нуди целосен п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg