Соновите и сексот

sonovite-i-seksot-povekjeДали некогаш ви се случило да имате секси соништа со некој кому не му го гледате лицето, а кога ќе се завртите гледате личност која никако не би...


...можела да биде предмет на вашата фантазија? Можеби вашата потсвест ви зборува нешто?

Науката за сонот е базирана на потсвеста, а тоа најмногу го истражувале и пишувале  Frojd и Jung.

Сè повеќе психолози и терапевти му посветуваат поголемо влијание на сонот, затоа што тој симболично ги покажува нашите проблеми и ни помага да ги согледаме начините на кои што можеме да го унапредиме нашиот живот, особено сексуалниот.

Иако сонот почнува кога ќе ја снема будноста и вниманието, тој може да навести нешто што не сакаме себе си да си го признаеме.

Во некои случаи, сонот за секс нема врска со сексот, туку со блискоста која сакате да ја остварите со личноста која ја сонувате.

sonovite-i-seksot

Секс со поранешниот партнер
Тоа што имате секс со поранешниот партнер не значи дека не сте го преболеле, напротив. Таквиот сон може да значи дека неговото место во потполност го заземал некој друг, но дека постојат некои работи кои меѓусебно не сте ги решиле.

Секс на јавно место
Доколку сонувате дека имате секс на јавно место и дека ве фатиле на дело, најчесто се чувствува немир. Тоа значи дека станува збор за некои расправии во актуелната врска со партнерот или станува збор за страв од сексуална интимност.

Секс со колега/колешка или познаник
Тоа што на сон имате секс со колега од работа не значи дека тој потајно ви се допаѓа, всушност во вистинскиот живот тој/таа најчесто воопшто не ве привлекува. Таквиот сон значи дека сексуалниот живот ви е многу здодевен и дека мора да преземете некои чекори.

Секс со партнерот
Доколку сонувате дека имате секс со партнерот, тоа може да значи дека имате проблеми со опуштањето. Ако мечтаете за секс со партнерот каков инаку немате, веројатно еден од вас има проблем со препуштање на своите чувства и уживање, а доколку зборувате со него на таа тема, може да дојде до ново искуство и незаборавни интимни моменти.

Би можело да ве интересира:

11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg