Совети за еротска масажа за незаборавно искуство со партнерот

Еротската масажа има за цел ослободување од напнатост и стрес, а овие совети ќе ви помогнат да му приредите незаборавно искуство на партнерот.

tajni-za-idealna-erotska-masaza-doma-priredete-mu-nezaboravno-iskustvo-na-partnerot-01.jpg

Класичната масажа вклучува триење, притискање, гмечење на различни делови од телото со помош рацете. Еротската или интимната масажа се комплетира со нежно галење и бакнежи на целото тело на партнерот. 

Оваа техника ни доаѓа од истокот. Така, на пример, во Кина времетраењето на сексуалниот однос се контролирало со стимулирање на одредени точки, а во Индија возбудливите допири биле придружувани со нанесување на ароматични масла. 

Галењето на различни делови од телото помага подобро да се одредат ерогените зони на партнерот. 

За интимната масажа дома нема јасни правила, најважно е да му помогнете на партнерот да се опушти, да му се одвлече вниманието од секојдневните проблеми и да ја разбуди сензуалноста.

tajni-za-idealna-erotska-masaza-doma-priredete-mu-nezaboravno-iskustvo-na-partnerot-02.jpg

Еротска, масажа чекор по чекор

- Еротската масажа треба да се започне и да се заврши со движења. Тие ќе му помогнат на партнерот да ја отстрани секоја непријатност и напнатост и да се „исклучи“ од секојдневието. Сите движења треба да бидат меки, што е можно понежни. Без остри стискања - масажата од една зона постепено треба да се префрли на друга зона. 

- Започнете со стапалата. Голем број нервни завршетоци се концентрирани на петите и прстите, па затоа мора да бидете многу внимателни. Скокоткањето и смеата можат да ја уништат најромантичната атмосфера во почетната фаза.

Масирајте ги прстите на партнерот, нежно притискајќи и галејќи ги. Треба да обрнете внимание на глуждовите, а потоа можете да преминете на листовите.

Мускулите на нозете постојано се згрчени - одморот и масажата ќе помогнат да се опуштат. Можете постепено да се движите кон колковите и задникот.

Движењата се исти: наизменично галење и триење. Можете исто така да додадете нежни бакнежи и тапкање.

- На грбот има многу ерогени точки кои можат да го возбудат партнерот. На оваа зона одговара галењето, триењето со прсти и дланки, лесен притисок со тупаницата...

За да ја претворите масажата во еротска игра, можете да користите пердуви, коцки мраз и уште многу работи, само треба да ја вклучите и вашата фантазија.

- Вратот и скалпот многу добро реагираат на допир. На овие места треба да користите лесни потези. 

- Масажата на рацете е одлична доколку партнерот лежи на грб. Не треба веднаш да преминувате на стомакот и градите.

- Абдоминална и генитална масажа е последната фаза. Ерогените зони се концентрирани на градите и стомакот, па затоа се оставаат за крај.

tajni-za-idealna-erotska-masaza-doma-priredete-mu-nezaboravno-iskustvo-na-partnerot-03.jpg 

Што ви е потребно за еротска масажа?

За еротското изненадување да биде пријатно и возбудливо, потребно е да се создаде соодветна атмосфера.

За ова ќе ви требаат:

  • пригушено светло
  • миризливи свеќи
  • пријатна музика

Подлогата на која ќе лежи партнерот не треба да биде премногу мека. Просторијата треба да биде топла, затоа шо во текот на масажата партнерите се голи, а целата постапка трае од половина час до еден час.

Предуслов е нанесување масло или крем врз телото на партнерот.

Ннеколку масла кои се одлични за секоја масажа:

  • арганово
  • сусамово масло
  • шеа масло
  • кокосово масло
  • бадемово масло
  • масло од јојоба

Не користете природни масла на интимните места. За овие цели, подобро е да изберете соодветен производ од секс-шоп. Многу од производите заоваа намена кои се продаваат таму се хипоалергени и имаат стимулирачки ефект, а некои можат да се користат и како лубрикант.

tajni-za-idealna-erotska-masaza-doma-priredete-mu-nezaboravno-iskustvo-na-partnerot-04.jpg

Видови еротска масажа

Дуо или кралска масажа 

Едниот партнер го втрива маслото за масажа на телото на партнерот и во исто време на своето. Овој тип на масажа може да доведе и до масажа „тело со тело“.

Дуо масажата може да биде и неодоливо визуелно доживување, со оглед на тоа што ја вршат две лица.

Soveti_za_erotska_masazha_za_nezaboravno_iskustvo_so_partnerot.jpg

„Нуру“ масажа

„Нуру“ на јапонски значи „лизгав“. Нуру масажата, масажа на цело тело или масажа „тело до тело“ започнува со соблекување на целата облека на партнерот кој ќе масира.

Потоа се нанесува масло на телото на двајцата партнери. Маслото што се користи за оваа масажа не треба да има ниту вкус ниту мирис.

Масерот потоа почнува да го трие своето тело со телото на партнерот.

tajni-za-idealna-erotska-masaza-doma-priredete-mu-nezaboravno-iskustvo-na-partnerot-06.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg