„Мојот нов партнер немаше идеја како да ме задоволи во кревет - што направив јас?“ (18+)

„Забележав дека вистински се труди да ми приреди задоволство, но неговите прсти чудно ми го допираа клиторисот, дури и грешеа каде е. Плус, се обидуваше да ми стави прст во устата на некој чуден начин, а на прстите имаше мирис на кромид од вечерата која претходно ми ја зготви...“, вели новинарката Алмара Абгeријан.

mojot-nov-partner-nemashe-ideja-kako-da-me-zadovoli-vo-krevet-shto-napraviv-jas-18-01.jpg

Новинарката Алмара Абгeријан во статија за британскиот магазин Metro отворено говори за едно нејзино сексуално искуство со маж кој не успевал да ја задоволи и како се справила со тоа.

Нејзината исповед гласи:

„Лежев во кревет со мојот нов љубовник и во главата ми беше само една мисла: ‘Што прави тој таму долу со мојата вагина?’.

Забележав дека вистински се труди да ми приреди задоволство, но неговите прсти чудно ми го допираа клиторисот, дури и грешеа каде е.

Плус, се обидуваше да ми стави прст во устата на некој чуден начин, а на прстите имаше мирис на кромид од вечерата која претходно ми ја зготви.

Чудната предигра траеше неколку минути и мислев дека работите ќе се подобрат.

Но не, тој продолжи со јазикот кон мојата вагина и притоа ги пропушташе сите точки кои ми носат задоволство.

И потоа одлучив да му ја откријам ‘мистеријата’ како да ме задоволи.

mojot-nov-partner-nemashe-ideja-kako-da-me-zadovoli-vo-krevet-shto-napraviv-jas-18-02.jpg

Знаев дека сака да направи да постигнам оргазам, но и дека не знае како да дојде до овој резултат.

Јас не се срамам од ‘тешки’ разговори, па го сопрев и му објаснив како сакам да бидам допирана, па со мојата рака му ја движев неговата за да му го покажам ритамот и притисокот кој сакам да го користи.

И се изненадив што тој воопшто не беше навреден, туку беше возбуден.

Предиграта и сексот во иднина, мора да признаам, се подобрија, но само минимално.

Сепак, го поздравувам за ставот и трудот што го вложи.

Нашата романса не успеа, но ние сега сме пријатели и неодамна добро се смеевме за тоа што се случи тогаш, а тој ми се заблагодари за искреноста.

mojot-nov-partner-nemashe-ideja-kako-da-me-zadovoli-vo-krevet-shto-napraviv-jas-18-03.jpg

Имам многу пријателки кои имале непријатни сексуални искуства, но никогаш не се осмелиле да им кажат на партнерите што прават погрешно, некогаш од срам, а некогаш од страв да не ги повредат.

Јас никогаш не сум имала лоша реакција од партнер кога отворено сум кажала што сакам, а што не сакам во кревет.

Aко ништо друго, им олеснува што добиле некаква насока. На некои дури им е секси кога жената има смелост да зборува гласно за своите потреби.

Јас секогаш ќе зборувам, но не ги обвинувам другите жени ако не можат да го прават ова.

За мене тајната на добриот секс e зборувањето, учењето нови трикови и повторувањето“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...

Најчитани неделава