Која секс поза со сигурност ќе ви го подобри сексуалниот живот, според сексолог?

„Оние што ја пробале оваа поза имале многу поголеми шанси да доживеат оргазам и имале многу посилни оргазми од другите“ – тврди докторката Рена Малик.

koja-seks-poza-so-sigurnost-kje-vi-go-podobri-seksualniot-zhivot-spored-seksolog-01.jpg

Во едно од видеата на YouTube, урологот и сексолог доктор Рена Малик одговара која секс поза значително може да ви го подобри сексуалниот живот, затоа што ја зголемува возбудата и интимноста меѓу партнерите.

Таа на својот YouTube канал често одговара на прашањата поврзани со сексот, а овојпат зборуваше повеќе за секс позата „Техника на усогласување на елементите“ (coital alignment technique или CAT) која е една верзија на мисионерската, а се тврди дека може значително да ви го подобри сексуалниот живот.

koja-seks-poza-so-sigurnost-kje-vi-go-podobri-seksualniot-zhivot-spored-seksolog-02.jpg

Станува збор за секс поза во која партнерот легнува врз партнерката и речиси и да нема место врз нив, така што со пенисот го допира клиторисот.

Но, наместо да пенетрира во неа и двајцата партнери треба полека да се движат.

„Станува збор за еден вид танц и партнерите мора да се движат заедно и да работат заедно. Оние што ја пробале оваа поза имале многу поголеми шанси да доживеат оргазам и имале многу посилни оргазми од другите“ – тврди докторката.

koja-seks-poza-so-sigurnost-kje-vi-go-podobri-seksualniot-zhivot-spored-seksolog-03.jpg

Според неа потребно е малку повеќе време и вежбање за да ја усовршите техниката, но кога еднаш ќе ја усовршите задоволството е загарантирано.

„Можеби нема да ви успее првиот пат... Но, воопшто целта не ви е да стигнете до оргазам, затоа што тоа може да доведе до вознемиреност заради преран оргазам. Целта ви е да постигнете поголема физичка интимност на нов начин“ – појаснува таа.

Погледнете ја илустрацијата:

koja-seks-poza-so-sigurnost-kje-vi-go-podobri-seksualniot-zhivot-spored-seksolog-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg