Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“

„Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше и ќе ме натераше да престанам со она што го правам, само затоа што имаше нагон....“

prashuvam-za-prijatel-mojot-soprug-saka-seks-nekolkupati-na-den-a-jas-ne-kako-da-go-odbijam-01.jpg

Неусогласеното либидо во врската може да биде проблем за партнерите, особено што сексот никогаш не треба да биде обврска, туку задоволство.

Но, што ако едниот партнер сака секс, а другиот не?

Лора Колинс е терапевтка и колумнистка која одговара на прашања на читателите во Metro.co.uk.

Овој пат таа одговара на прашање на читателка која вели дека ѝ е проблем тоа што нејзиниот сопруг сака да имаат секс и по неколкупати на ден, но таа не сака.

Прашањето на анонимната читателка гласи:

„Ако кажам дека мојот сопруг сака секс неколкупати на ден можеби не изгледа како голем проблем за некои луѓе, но тоа станува вистински проблем за мене.

Неговиот сексуален нагон е голем уште откога се запознавме и јас порано ја сакав возбудата од сето тоа. Сексот често бил спонтан и неочекуван - во еден момент се возиме во автомобилот, во следниот веќе сме на задното седиште паркирани кај што никој нема да нè види.

Кога ги посетувавме моите родители, ме следеше во бањата, кога одевме на пикник, ќе ме потпреше на жива ограда. Кое место и да ви падне на памет, веројатно сме биле и таму.

Многупати сум доцнела на работа, затоа што ако тој сака секс, јас мора да прифатам веднаш, па на крајот го пропуштам мојот превоз. Секогаш доцниме на забави, оти штом ќе се облечам и средам, тој не може да ги држи рацете подалеку од мене.

Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше и ќе ме натераше да престанам со она што го правам, само затоа што имаше нагон.

Откако го родив нашето прво дете, девојче кое сега има 15 месеци, често се чувствувам непривлечно и исцрпено. Но, тој сепак очекува да бидам покрај него секогаш кога ќе посака секс и се однесува како да има приоритет пред бебето.

Се обидов да разговарам со него за тоа, но тој само се смее и вели дека треба да сум среќна. Што да правам?“

prasuvam-za-prijatel-02.jpg

Одговорот на Лора:

„Не постои одредена формула за тоа колку често една двојка треба да има секс ако и двајцата уживаат во водењето љубов со приближно иста фреквенција. Некои парови имаат секс петпати на ден, некои петпати годишно. И сè додека и двајцата се согласувате, сè е добро.

Меѓутоа, како што откривате со текот на времето, проблемот настанува кога сексуалните нагони на партнерите се различни. Вашиот сопруг може да има висок сексуален нагон зашто на тој начин функционираат неговите хормони, но можеби му треба и постојано уверување дека секогаш сте тука за него и дека тој е сакан и посакуван.

Самиот секс не е секогаш поврзан со љубовта, но ако повремено ви треба поромантичен пристап, кажете му го тоа. Понекогаш, поимагинативниот и возбудлив секс може да направи чувството на задоволство да трае подолго.

Во меѓувреме, изразете ја својата љубов на поедноставни начини, како држење за раце, гушкање или внимателни гестови и јасно кажете му дека ако повремено речете 'не', тоа не значи дека го отфрлате.

Објаснете му на сопругот дека и вие имате потреби и дека во моментов не чувствувате дека тој им обрнува внимание. Имате работа и бебе и не можете да ги исполните неговите сексуални желби во истиот момент, на начин на кој сте го правеле тоа порано.

Тој треба да разбере дека вашите чувства се важни како и неговите, а можеби треба да посетите брачен терапевт или сексолог кој стручно ќе го разгледа проблемот. Запомнете, бебето треба да порасне во среќен дом, па затоа треба да го решите ова што поскоро (без да почнете војна со сопругот)“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg