Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс?

„Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за нашата врска да не се сведува само на секс. Навистина го сакам и сакам нашата врска да успее, но не успевам во тоа затоа што тој не сака да ги прифати моите предлози“ – се жали 22-годишна девојка за нејзиниот 55-годишен дечко. Може ли да постои вистинска љубов кај паровите што се со толку голема разлика?

prashuvam-za-prijatel-imam-22-godini-a-mojot-dechko-za-55-kako-da-znam-dali-me-saka-samo-za-seks-01.jpg

Вообичаено кога постои голема генерациска разлика меѓу паровите, околината ги гледа со осудување, а оваа девојка вели дека е во врска со 33 години повозрасен партнер, но се прашува дали тој ја сака само за секс.

Една анонимна читателка упати писмо до колумнистката на The New York Post, Аби, во кое се обидува да побара совет за тоа што треба да прави со нејзиниот моментален дечко кој е 33 години повозрасен од неа.

Според одговорот што го доби, проблемот не е дотолку во генерациската разлика, колку што е во тоа дали и двајцата партнери имаат исти ставови за тоа како треба да се развива нивниот однос.

prashuvam-za-prijatel-imam-22-godini-a-mojot-dechko-za-55-kako-da-znam-dali-me-saka-samo-za-seks-02.jpg

Прочитајте го нејзиното писмо во целост:

„Имам 22 години и веќе една година се состанувам со 55-годишен маж, што ќе го наречам Џералд. Со оглед на тоа што кај нас постои голема генерациска разлика, јас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за нашата врска да не се сведува само на секс.

Навистина го сакам Џералд и сакам нашата врска да успее, но не успевам во тоа затоа што тој не сака да ги прифати моите предлози.

Ние не се караме за ништо друго, освен кога ќе се вмеша неговата љубоморна поранешна сопруга со која бил во брак 11 години.

Што да направам за врската да успее? Сѐ што ќе му предложам, Џералд го одбива. Дали е тоа затоа што тој всушност не сака да биде во врска? Или затоа што смета дека нема да успееме?“

prashuvam-za-prijatel-imam-22-godini-a-mojot-dechko-za-55-kako-da-znam-dali-me-saka-samo-za-seks-03.jpg

Одговорот на Аби е следен:

„Јас не можам да читам мисли, но се чини дека на твојот повозрасен дечко му се допаѓа вашата врска таква каква што е.

Најверојатна од таа причина ги одбива сите предлози за да излезете од спалната соба и да ја направите врската посериозна.

Не можеш да направиш некоја врска да функционира сама по себе. Џералд мора да сака да ти помогне.

Ако тој се спротивставува на сѐ што ќе побараш од него, можеби сега е време да продолжиш понатаму и да најдеш некој со кого ќе имаш повеќе заеднички работи.“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg