Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да правам?“

„Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дека и таа се чувствува исто. Таа е во раните 30-ти и двајцата сме доволно возрасни да знаеме дека не треба, но почнавме страсна врска. А сега ми кажа дека е бремена и сака да ја напуштам сопругата со која сум во брак 18 години. Што да правам?“

prashuvam-za-prijatel-mojata-ljubovnica-ostana-bremena-saka-da-ja-napushtam-soprugata-shto-da-pravam-01.jpg

Читател на Metro.co.uk испратил порака до редакцијата на магазинот и колумнистката Лора Колинс, која одговара на прашања поврзани со љубовни и секс проблеми.

Мажот (48) неодамна дознал дека неговата млада љубовница останала бремена, па сега го тера да ги остави децата и да се разведе од сопругата по 18 години брак.

„Имам 48 години и неодамна не го добив унапредувањето што го очекував, поради што почнав да се чувствувам депресивно.

Мојата сопруга беше многу фина во однос на тоа, иако знам дека се грижи за парите и се надеваше дека ќе добијам зголемување на платата. Имаме две деца помлади од десет години и знам дека ќе морам да ги издржувам уште долго време, и таа помисла не ме напушта.

Сигурно се забележувало дека се чувствувам огорчено, бидејќи една помлада колешка ми предложи да излеземе на пијачка за да ме расположи. Се чувствував како да го заслужувам тоа, па прифатив. Нејзиното друштво ми годеше, беше забавна, возбудлива, беше токму она што ми требаше во тоа време.

Таа доаѓа само неколку дена во неделата во канцеларија, а остатокот од времето работи од дома. Сфатив дека навистина ми недостига во деновите кога не е тука и со нетрпение очекував да дојде.

Почнавме да излегуваме редовно во деновите кога доаѓаше во канцеларија, а кога ѝ признав колку ми недостига кога не е таму, ми кажа дека и таа се чувствува исто. Таа е во раните триесетти, па и двајцата сме доволно возрасни да знаеме дека не треба, но набрзо почнавме да имаме страсна врска.

Сега ми кажа дека е бремена и сака да ја напуштам мојата сопруга со која сум во брак 18 години. Никогаш не сакав работите да одат толку далеку и кога размислувам за тоа да го напуштам семејството, ми се гади. Што да правам?“

prashuvam-za-prijatel-mojata-ljubovnica-ostana-bremena-saka-da-ja-napushtam-soprugata-shto-da-pravam-02.jpg

Лора Колинс, која одговара на дилемите на читателите поврзани со сексот и љубовните проблеми, му советува да ја прекине аферата и покрај бременоста на колешката.

„Љубовницата ти била голема утеха во време кога гордоста ти била повредена, но како оженет маж со семејство, мора да го следиш својот инстинкт и да ја прекинеш аферата.

Раскинувањето на врската никогаш не е лесно, но колку побрзо ѝ кажете на вашата девојка, толку ќе биде подобро. Фактот што ќе мора да се справува со ситуацијата како самохран родител може да влијае на тоа како ќе продолжи, но таа мора да реши за иднината на својата бременост без ваш притисок.

Ако таа е во триесеттите години и нема деца, можеби ќе сака да го задржи бебето, а вие секако ќе бидете финансиски одговорни за вашето дете. Исто така, ќе мора да ѝ кажете и на сопругата, која треба да го слушне ова од вас, пред да дознае на друг начин.

Оваа вест ќе биде поразителна, но можам да се обложам дека таа нема да сака да го растури вашето семејството. Јас секогаш мислам на децата (а сигурна сум дека и таа го прави истото) и генерално не сакам да поттикнувам развод, освен ако некој постојано не е неверен или на друг начин лошо се однесува со партнерот.

Во идеален свет, секое ново дете што го имате би било прифатено од остатокот од вашето семејство со љубов, но вашата сопруга можеби нема лесно да се согласи со тоа. Можеби разговорот со стручно лице може да ви помогне и двајцата да ги решите многуте проблеми.

А, ако сопругата ве избрка, не почнувајте вистинска врска со љубовницата, тоа ќе биде погрешно. Прво треба да ја исправите главата и да размислите, затоа што во спротивно ќе предизвикате уште поголема болка на луѓето околу вас во иднина“.

21ba079f1e5a043dcdbafa4077dbe580.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Се сплеткав со дечко што има девојка - дали да ѝ кажам?“ Замислете ја ситуацијава, запознавате дечко, кој е забавен и фин, си разменувате...
Прашувам за пријател: „Имам слаб оргазам, речиси не го чувствувам, што не е во ред со мене?“ (18+) „Во јавноста се создава нереална слика за оргазмите, па затоа се нереални и очек...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: „Можам ли да имам секс додека имам ХПВ?“ (18+) Ако ви се појавиле симптоми на ХПВ или сте дознале дека го имате вирусот преку с...
Прашувам за пријател: „Чудно ли е што мојот партнер ги држи очите затворени за време на секс“? (18+) Не е проблем ако партнерот ги држи затворени очите при секс, проблем е како тоа ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg