5 знаци дека не сте подготвени за мајчинство

pet-znaci-deka-ne-ste-podgotveni-za-majcinstvo-povekjeДетето, без разлика дали е планирано или не, преставува голема одговорност и потенцијалните родители би требало да проценат дали се подготвени...


...за овој предизвик. Ако со партнерот имате проблеми, бебето дефинитивно нема да направи тие да исчезнат и вие повторно да се зближите.

pet-znaci-deka-ne-ste-podgotveni-za-majcinstvo

Ова се петте знаци кои ви укажуваат дека сè уште не сте подготвени за мајчинство.

Нестабилна врскаИако многубројни самохрани родители совршено се снаоѓаат во својата улога, сепак подобро е детето да се роди во врска во која двајца луѓе се сакаат. Меѓутоа, ако вие и партнерот имате проблеми, детето сигурно нема да ви ги реши проблемите.

Психичко здравје Грижата и обврските околу децата можат да ве исцрпат и психички и емотивно. Ако страдате од депресија, или имате некои други психички проблеми можеби и не е најдобро време да бидете родител. Решете ги тие проблеми пред да се појави стрес поради бременоста и бебето.

Беспарица Финансиите се важна ставка ако размислувате за родителство. Можеби не ви се чини дека за бебето требаат пари, но кога ќе ја земете во предвид негата, храната, опремата за бебето, поголем стан... трошоците само растат и тоа со голема брзина. Ако финансиски не сте подготвени за дополнителни трошоци како што е поправање на автомобил или неочекувана сметка, подобро ќе биде да ја одложите бременоста.

Ви треба некој што ќе ве сака Дали сакате дете затоа што имате потреба некој да ве сака безусловно? Тогаш бидете сигурни дека сакате дете поради погрешна причина.

Не сте ги оствариле целите Ако сè уште не сте постигнале сè што сте зацртале, со дете тоа уште потешко ќе го постигнете. Да се образовате, деловно да напредувате, или едноставно да патувате, многу е потешко со дете во прегратката. Ако постојат цели кои ви се навистина важни, остварете ги пред да дојде бебето на свет. 

Дали овие причини се доволно оправдани за да се одложи мајчинството? 

Би можело да ве интересира:

9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg