Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“

ispoved-na-zhena-30-godini-bev-vo-brak-so-zavisnik-od-seks-beshe-pekol-postojano-da-gi-zadovoluvam-negovite-potrebi-07.jpg

Во периодот кога најмалото дете почнало да оди во градинка, Мери веќе била во 30-тите години и тогаш одлучила да побара помош од психијатар.

„Одговорот на психијатарот дека јас постојано сум силувана и убедувана за секс направи да се чувствувам ужасно. Како може некој што толку многу го сакам и којшто треба да ме сака, да ми направи такво нешто?“ – вели таа.

Со оглед на тоа што и самата потекнувала од семејство на разведени родители, Мери вели дека не сакала нејзините деца да живеат сличен живот, па одлучила да му прости.

ispoved-na-zhena-30-godini-bev-vo-brak-so-zavisnik-od-seks-beshe-pekol-postojano-da-gi-zadovoluvam-negovite-potrebi-08.jpg

Кога одлучила да разговара со пријателките и им се доверила дека нејзиниот сопруг постојано сака секс, нивниот коментар бил дека тоа е супер и дека и тие посакуваат да имаат такви сопрузи.

Мери вели дека почнала намерно да се запуштува и да не внимава на својот изглед, со надеж дека ќе му стане одбивна и ќе ја остави на мир, но ниту тоа не помогнало.

„Неговата потреба за секс беше непроменета, дури и кога влезе во доцните 50-ти години од животот. Во 2019-та година имав нервен слом заради проблеми со здравјето и бев на боледување шест месеци.

Тој беше загрижен и сочувствуваше со мене, но на крај пак се обиде да ме убеди да имаме секс за да ми биде подобро.

Сакав да врескам, но не собрав сили за да му кажам колку сум уморна од него. Колку ми е уморно телото. Дека сѐ ме боли и одвнатре и однадвор“ – вели таа.

ispoved-na-zhena-30-godini-bev-vo-brak-so-zavisnik-od-seks-beshe-pekol-postojano-da-gi-zadovoluvam-negovite-potrebi-03.jpg

Мери, дури тогаш почнала да забележува дека сопругот Мајкл, освен што постојано ја прогонува неа за секс, истовремено следел уште 1.000 други жени на социјалните медиуми, за кои се сомнева дека му служеле за да си ги задоволи потребите.

По речиси 30 години поминати заедно, Мери собрала сили да му се спротивстави на сопругот и заедно тргнале на брачно советување.

Кога терапевтот му рекол дека е зависник од секс, тој молчел за време на сесијата, но потоа ѝ рекол дека е сосема нормален и дека „сексот е сосема нормална човечка потреба“.

Кога видела дека работите не се подобруваат, Мери одлучила да побара развод. Со оглед на тоа што две од трите деца веќе биле полнолетни, таа седнала и им раскажала за сѐ што се случувало.

„Беше чудно, но не сакав моите ќерки да бидат третирани така или синот да мисли дека тоа што татко му го прави е во ред“ – раскажува Мери.

ispoved-na-zhena-30-godini-bev-vo-brak-so-zavisnik-od-seks-beshe-pekol-postojano-da-gi-zadovoluvam-negovite-potrebi-11.jpg

Но, разводот бил само почетен чекор за оваа жена да може да си го подобри здравјето. Потоа следувале над 100 сесии со психолог, терапии со хипноза за да го победи стравот од заспивање.

„Најљубезните зборови што ги слушнав од една од моите терапевти е дека јас не сум виновна и дека не сум лоша сопруга – како што си мислев целиот свој живот.

Ми објасни дека кога си во врска со зависник од секс, што и да направиш нема да биде доволно“ – вели таа.

Сега, по толку години Мери вели дека конечно чувствува дека си го вратила сопственото тело, а својата приказна ја споделува со цел да им укаже на жените и девојките да внимаваат и дека животот со зависници од секс воопшто не е лесен, туку може да се претвори во пекол.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg