Кои 10 состојки се потребни за среќа?

koi-10-sostojki-se-potrebni-za-srekja-povekjeАко некогаш сте се нашле во ситуација родителите, или пријателите да ве прашаат дали сте среќни, сигурно знаете дека за да дадете одговор е потребно...


...неколку секунди и тој најчесто зависи од животната ситуација во која моментално се наоѓате.

Но, за да навистина бидете среќни со себе и со својот живот потребна е подлабока анализа во која ќе ви помогнат мали но многу важни работи.

Ако подобро размислите и го согледате својот живот многу бргу можете да сфатите дека среќата не е поврзана со случувањата, туку со вашето ментално здравје и вие сте единствената личност која може на тоа да делува.

Во книгата World Book Of Happiness авторот Leo Bormans ги собрал истражувањата на најголемите светски стручњаци во подрачјето на психологијата на среќата и на едноставен начин го објаснил рецептот на среќните луѓе кој секој може да го проба.

koi-10-sostojki-se-potrebni-za-srekja

1. Сакај се самиот
Докажано е дека среќните луѓе имаат многу скромни очекувања што значи лесно можат да го добијат тоа што го сакаат. Поставете си реални цели кои можете да ги остварите и бидете горди со своите мали достигнувања.

2. Живеј за денес
Најлошо што можете да направите за себе е да живеете во минатото и да жалите по работите кои сте можеле поинаку да ги направите. Исто така, не сонувајте за совршена иднина која не постои и не се грижете за некои работи кои не се и можеби никогаш нема да се случат.

3. Изградете врка со луѓето
Среќни сме кога луѓето околу нас се среќни, но и кога помагаме и правиме другите да бидат среќни. Сетете се дека баш како што не прават среќни некои луѓе, дека и ние можеме другите да ги правиме среќни. Негувајте ги односите со луѓето кои што ви значат.

4. Останете активни
Ако сакате да бидете среќни немојте да заборавите на друштвената страна и социјалните вештини. Прифатете покана за пијалак, станете член на некој клуб, дружете се со луѓе и секогаш оставете подотворена врата за нови лица и нови познанства.

5. Не се споредувајте со другите
Амбицијата е здрава работа и ги прави луѓето среќни, но од друга страна, зависта ги прави несреќни. Споредувањето со другите може да ги уништи вашите амбиции и да ја уништи сликата што ја имате за себе. Позитивната страна на споредувањето со другите луѓе може да биде единствено тоа што на тој начин од нив учите нешто што можете да го употребите за подобрување на квалитетот на вашиот живот.

6. Немојте да се грижите
Истражувањето покажало дека 90% од грижите никогаш нема да се остварат, затоа престанете да се грижите околу работи кои можеби никогаш нема да се случат.

7. Бидете она што сте
Не се оптеретувајте со тоа што мислат другите за вас. Среќните луѓе се спонтани, природни и го кажуваат она што го мислат или чувствуваат. Искрени се самите со себе, имаат свое мислење и тоа ги прави слободни и посебни.

8. Организирајте го својот живот
Можеби ви се чини дека некои луѓе своите обврски ги извршуваат со леснотија, секогаш изгледаат беспрекорно и секогаш имаат време за себе. Зад се стои добра организираност и планирање. Среќните луѓе внимаваат на времето, имаат цели и добро се организирани.

9. Мислете позитивно
Иако веќе стотина пати сте чуле „секогаш гледај од позитивната страна“, тоа навистина е така. Ако на пример имате некој проблем, поделете ги своите чувства со некого, размислете дали постои позитивна страна на целата приказна и веднаш ќе се чувствувате подобро. Да, чашата е половина полна, а не половина празна.

10. Ценете ја среќата
Иако може да се научи да се биде среќен, пронаоѓањето на смисол и цел во сопствениот живот е она што ве води до вистинската среќа. Бидете горди на себе и на сите мали работи кои секојдневно ве опкружуваат. За почеток уживајте со партнерот, домашните, галеничето, прошетката во парк, возењето велосипед, добрата книга, вкусниот ручек, чашата вино....

Би можело да ве интересира:

Луѓе споделуваат искуства за брак и врски без секс: „Поминаа три години откако бевме интимни“ „Јас сум во врска без секс и навистина не знам што да правам. Поминаа три години...
Оргазам во сон и „влажни“ соништа: Што го предизвикува и како да го доживеете? (18+) Дали оргазмот во сон е знак дека нешто не е во ред со вашиот сексуален живот? Шт...
Пози за мастурбирање за жени што ќе ви покажат дека (понекогаш) и не ви треба партнер (18+) Легнете на стомак и ставете една или две перници во пределот под стомакот и колк...
Какви сте во кревет според начинот на којшто пишувате пораки? (18+) Ако често користите емотикони, најверојатно сте гласни во кревет и секогаш му ка...
3 секс пози наменети за оние што сакаат длабока пенетрација, а им е здодеано од кучешката (18+) Овие 3 секс пози пред сè ја стимулираат Г-точката и овозможуваат длабока пенетра...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg