Сексот е здрав - само ако не изневерувате

seksot-e-zdrav-samo-ako-ne-ja-izneveruvate-zenata-povekjeСексот не го зголемува ризикот од инфаркт, дури ни кај пациенти кои веќе го имале, но оженетите мажи кои што имаат млада љубовница би требало да внимаваат.


Повеќето срцеви болни можат слободно да имаат сексуални активности, бидејќи тие незначително го зголемуваат ризикот од срцев удар, соопштила американската лекарска асоцијација која се занимава со коронарни заболувања.

seksot-e-zdrav-samo-ako-ne-ja-izneveruvate-zenata

Во соопштението на Американската асоцијација за срце се наведува дека нејзиниот совет се однесува и на здравите луѓе и на оние со проблеми со срцето.

Секс можете да имате веќе по недела дена откако сте имале благ срцев напад – ако пациентот може да помине неколку скалила без непријатности, наведува асоцијацијата и додава дека виаграта и другите помагала за еректилна дисфункција генерално се безбедни за луѓе чие срцево заболување е стабилно.

Ова е првата научно поткована препорака во врска со проблемот кој ги мачи оние што преживеале срцев удар, како и другите со некој друг вид срцево заболување.

Од една страна, оние што ќе доживеат срцев удар имаат поголеми шанси да имаат и втор, а од друга страна нема докази дека тие се поподложни да го доживеат ударот за време на сексот во споредба на здравите луѓе.

Лекарската асоцијација во истражувањето ги допрела и „пикантните“ теми. На пример, оженетите мажи имаат поголем ризик од срцев напад кога имаат секс со помлади љубовници во опкружување на кое не се навикнати – поради стрес.

Заклучокот е...сексот е здрав, ама...

Би можело да ве интересира:

„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg