Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи?

„Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто така ми се допаѓаат затоа што се позитивни во врска со животот, не се истрошени, безнадежни и полни со предрасуди“, вели една средовечна жена за Daily Mail. Хајди Клум е само една од јавните личности која си избра драстично помлад партнер.

zoshto-sredovechnite-zheni-sakaat-da-se-sostanuvaat-so-20-godishni-momci-01.jpgХајди Клум е 16 години постара од сопругот Том Каулиц

Жените кои се грижат за себе и одлично изгледаат и во 40-тите години од животот сè повеќе се состануваат со мажи во 20-тите и 30-тите години од животот.

Постојат низа причини зошто средовечните жени избираат помлади мажи за состанување, а во последните години зголемен е дури и бројот на бракови каде жената е постара од мажот 5 години, па и повеќе, велат британските истражувачи за Daily Mail.

zoshto-sredovechnite-zheni-sakaat-da-se-sostanuvaat-so-20-godishni-momci-04.jpg

Интересно е што жените не само што се состануваат со помлади мажи, туку и посреќни се покрај нив. Американско истражување со 300 жени откри дека жените со партнер кој е 10 години (или повеќе) помлад од нив се посреќни од оние жени кои се состануваат со партнер на нивна возраст или постар.

Ваков нетипичен избор на партнер прават жените кои се доволно самоуверени во себе и тие искрено откриваат дека фактор број 1 им е изгледот на партнерот.

Неколку искрени исповеди за Daily Mail на жени кои се состануваат со помлади мажи:

„Мислев дека нема да се чувствувам комфорно пред мојот помлад партнер кога ќе се соблечам гола, но тој направи да се чувствувам како најсексапилната жена на светот“.

„Состанувањето со помлади мажи одлично му годи на моето его“.

zoshto-sredovechnite-zheni-sakaat-da-se-sostanuvaat-so-20-godishni-momci-03.jpg

„Имам 45 години и не се состанувам со мажи на моја возраст или постари, затоа што тие не сакаат да се состануваат со мене, туку со помлади девојки. Единствениот пристоен маж што го запознав преку апликација за состанување е многу, многу помлад од мене.

Кога требаше да се запознаеме во живо мислев дека ќе избега од мене, но не – си поминавме прекрасно и немаше ниту притисок за секс на крајот.

Го прашав зошто ме избрал мене и ми кажа дека му е здодеано од драмата и несигурноста на младите девојки“.

„Не планирам да се смирам покрај некој драстично помлад маж од мене, но планирам да уживам во сексот со нив дотогаш. Другарките ми завидуваат кога ќе ги споделам интимните детали со нив“.

zoshto-sredovechnite-zheni-sakaat-da-se-sostanuvaat-so-20-godishni-momci-02.jpg

„Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто така ми се допаѓаат затоа што се позитивни во врска со животот, не се истрошени, безнадежни и полни со предрасуди“.

„Помладите мажи се спонтани и енергични и во мене го будат чувството на слобода“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg