Како да се препознае крајот на врската?

kako-da-se-prepoznae-krajot-na-vrskata-povekjeВрските и браковите најчесто не „пукаат“ поради големи работи, туку поради ситници кои се собираат со месеци, или години, предупредуваат...


...американските научници.

Незадоволството кое полека, но сигурно се вовлекува под кожа е „каписла“ за прекин на врската/бракот.

Но, не се сите луѓе така одлучни во намерата да со отидат од туѓиот живот. Додека едни лесно ќе кренат слушалка и ќе речат дека одлучиле да ја прекинат врската, други ќе го натераат партнерот да ги остави бидејќи немаат доволно храброст или сигурност да му го кажат во лице она што го чувствуваат.

kako-da-se-prepoznae-krajot-na-vrskata

Прекинот може да се забележи, честите расправии и сè помалата заинтересираност за секс се најчест аларм дека нешто не е во ред. Покрај тоа, партнерот кој почнува со нови проекти или почнува да се интересира за ново хоби, е можен показател дека тој/таа тежнее кон промени и излегување од врската.

Поради грижа на совеста партнерот може да стане пољубезен, но таквото расположение не трае вечно. Ова е увертира за крај.

Еве уште неколку најчести показатели:

- Игнорирањето е очигледен знак дека нешто не е во ред. Причините за игнорирање можат да изгледаат логично и оправдано. Но, ако на партнерот/партнерката му/и стане пракса избегнувањето на заеднички средби, веројатно сака да ја прекине врската.

- Непотребното лажење упатува на недостаток на почитување или страв од реакцијата на партнерот. Малите лаги покажуваат дека во врската не е сè на свое место.

- Постојаните критики – од фризурата па до начинот на кој што оди или зборува партнерот, а кои порано не биле тема на разговор, се само одраз дека во односот нешто не функционира.

Би можело да ве интересира:

Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg