Сигурни знаци дека е добар љубовник

sigurni-znaci-deka-e-dobar-ljubovnik-povekjeСте излегле неколку пати и ви се допаѓа, но понатаму не сте сигурни дали сакате врската да ја подигнете на следното ниво. Добриот секс со некого...


...не се состои само од физички вештини, бидејќи тие со време ќе избледат.

Сексот за помнење е оној во кој сте задоволни и задоволени на вистинскиот начин.

Мали знаци можат да ви покажат дали вашиот партнер е добар љубовник.

sigurni-znaci-deka-e-dobar-ljubovnik

Тој е џентлмен – И во љубовта, како и во сексот, е важно тој да е џентлмен. Ако ви ја придржува вратата, ве прашува како сте го поминале денот, ги помни ситниците што сте му ги кажале, сигурно е дека и кога ќе се изгаснат светилките тој ќе биде внимателен.

Знае како да ве допре - Мажите кои што сакаат само секс ја допираат жената само на начин кој води кон секс. Големи љубовници се оние кои што умеат да ја возбудат мечтата и да ја допрат жената сензуално и надвор од спалната соба. Ако нежно ви ја допре раката во ресторан, нежно ве прегрне околу рамениците или блго ве фати за рака во парк, тоа е маж кој ќе знае како да ве допира и во кревет.

Светот не се врти околу него - На некои мажи им е важно само она што ним им се случува. Тие знаат кој филм сакаат да го гледаат, во кое кафуле да седнат, што да вечераат.... Мажите кои што сакаат вам да ви угодат во секојдневното видување, верувајте ќе сакаат да ви угодат и во сексот.

Не брза - Момците на кои им е поважен вашиот изглед од вашата личност сигурно сакаат само секс и бргу се заситуваат од него. Мажот кој e навистина заинтересиран за вас има трпение да чека за да ве добие. Ако каже дека сака да почека малку или дека не сака да брза, тоа е сигурен знак дека со вас сака нешто посериозно, како во креветот така и надвор од него.

Прави да се чувствувате убаво - Незаборавен секс е оној во кој сте опуштени, слободни и немате недоумици бидејќи знаете дека партнерот ве почитува. Тој секогаш ви дели комплименти и штом ќе ве погледне вие се чувствувате паметно, секси и атрактивно. На тој начин се создава хемија која експлодира во спалната соба.

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg