Предрасуди за "online dating"

predrasudi-za-online-dating-povekjeМногу слободни мажи и жени во денешно време имаат предрасуди кон барањето и запознавањето на партнер преку интернет. Иако користењето на...


...интернетот денес стана дел од секојдневието, како и посетувањето на социјалните мрежи и чатовите, околу "online dating" кружат многу предрасуди.

Ви откриваме осум митови кои луѓето ги поврзуваат со запознавањето на партнер преку интернет.

Згодните луѓе не бараат онлајн партнер

predrasudi-za-online-dating

Најчест мит за онлајн запознавањето е дека со такви механизми не се служат убави и секси луѓе. Но како и во вистинскиот живот и на интернет можете да запознаете згодни и помалку згодни луѓе. Луѓето со разни занимања се одлучуваат за запознавање преку интернет затоа што најчесто немаат време, а ни волја да излегуваат во кафулиња и клубови.

Само очајните бараат

Многумина сметаат дека барањето на партнер преку интернет е последна сламка за спас на очајните луѓе и на лузерите. Луѓето кои што сакаат да запознаат некого не се ниту очајни ниту лузери, но можеби им се досадни излегувањата на исти места и дружењето со исти луѓе. Интернетот е добар начин за запознавање на луѓе кои што имаат слични интереси, а преставува и брз и практичен начин за вработените луѓе.

На нет сите лажат

На многумина им пречи тоа што "online dating" се состои само од зборови, без дела. Преку мрежата полесно е да се сокрие вистината за себе и да се лаже, но кога луѓето еднаш ќе се сретнат во живо, паѓаат сите маски. Кога ќе се откријат лагите искажани преку интернет, непријатно е исто како да се излажало во живо.

Нема добри слободни мажи

Многумина сметаат дека луѓето преку интернет бараат само секс, но како и во секое кафуле и клуб, и на интернет постојат различни луѓе со различни интереси и желби. Преку интернет можете да пронајдете пријателство кое дури подоцна може да се развие во нешто повеќе, а можеби и не.

Опасности на нет

Комуникацијата преку интернет и давањето на лични податоци на луѓе кои не ги познаваме во живо носи многу опасности. Но на опасни ситуации можеме да наидеме и кога запознаваме луѓе во живо, па важно е секогаш да ги следиме правилата за сигурност на интернет.

Нема шанси така да се пронајде љубов

Секако дека никој не може да очекува да пронајде сродна душа штом ќе тргне во запознавање. Но со оглед на тоа дека денес сите користат интернет, можено е да се пронајде личност во која ќе се заљубите. Постојат парови кои се во среќни бракови , а се запознале на нет. 

Врските на далечина не траат

Доколку запознаете некого кој не живее во вашиот град, потешко е да се одржува искрата. Но со оглед дека не се во можност да се гледаат секој ден, таквите парови почесто комуницираат, трпеливи се и искрени.

Осуда на околината

На многу парови им е непријатно да и признаат на околината дека се запознале преку интернет. Пред десетина години паровите кои што се запознале на таков начин, семејството и пријателите, ги осудуваа или ги исмејуваа. Денес се повеќе луѓе се импресионирани со приказни за таквиот начин на запознавање. Во општество каде што пропаѓаат традиционалните врски, начинот на запознавање навистина не е важен. 

Би можело да ве интересира:

Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот? „Мерилин ти благодарам, ми помогна“ – вели колумнистката Јана Хокинг која редовн...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg