Врска за една ноќ - препораки

vrska-za-edna-nokj-preporaki-povekjeМногумина во некој момент од својот живот имале врска за една ноќ, сексуален однос со личност која тогаш прв пат ја сретнале (неретко и последен пат).


Некои од таквите средби поминале добро, некои не баш така добро, некои ги сакаат, некои се гнасат од нив. Доколку се впуштите во такво нешто (под претпоставка дека ни вие ниту другата страна не изневерувате), еве неколку препораки, покрај онаа задолжителната да користите кондом.

Сетете се дека тука суштината е сексот и взаемното задоволство. Со други зборови, немојте да очекувате од тоа да произлезе долгогодишна романтична врска. Не велиме, се случува и тоа, почнува како забава за една вечер, па продолжувате да се гледате, а има и бракови кои така почнале.

Немојте однапред да очекувате таков исход – има дами кои се надеваат дека ако се согласат веднаш да спијат со партнерот, тој сигурно ќе остане со нив. Некогаш да, но некогаш не, па затоа најдобро е да се фокусирате на она што е основно – задоволство за двајцата.

За да не бидете повредени, најдобро е таа вечер да не направите нешто поради кое би се срамеле потоа или би биле лути на себе – без разлика што следува во наредниот ден.

Дали тој ќе мисли дека таа е лесна жена (да не употребиме некои вулгарни изрази) ако се согласи на секс за една вечер? Тоа зависи дали е тој цивилизиран или не. Ако е цивилизиран нема така да мисли – тоа се две возрасни личности кои знаат што прават, во што уживаат и што има во тоа лошо? За жал има и мажи кои жената која се согласила на секс за една вечер ќе ја сметаат за лесна (учтиво речено), тука единствено можеме да ви препорачаме да избегнувате такви мажи.

Кога станува збор за секс за една вечер, треба да му кажете на партнерот/партнерката што сакате, било вербално, било невербално. Таа личност само што сте ја сретнале, па едвај знае како се викате, па тешко може со помош на интуицијата да се претвори во љубовник/љубовница од соништата кој/а ќе може да го задоволи секој дел од вашето тело. Кажете или покажете во што уживате – а потоа, заедно уживајте!

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg