Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Изговори за раскинување: Не е до тебе...

izgovori-za-raskinuvanje-povekjeАко машкото ќе каже дека во овој момент не бара врска, но и понатаму можете да се дружите без обврски, всушност мисли „не ми се допаѓа баш, но...


...ќе останам со неа додека не најдам подобра“.

Немојте да мислите дека ќе се заљуби во вас ако му дадете малку време, нема. Наместо да го чекате и да бидете само замена, одете понатаму.

Овој пример за мали лаги го користат луѓето за да не повредат некого.

Колку помалку откриете за причината на раскинувањето, толку помалку спротивната страна ќе биде повредена, иако ќе се обиде да дознае повеќе бидејќи не и се јасни причините за раскинувањето.

„Не е до тебе, до мене е“

izgovori-za-raskinuvanje

Секое раскинување се сведува на реченицата „не е до тебе, до мене е“ бидејќи тој што си заминува сфатил дека не го прави тоа поради некоја причина.

Но, таа реченица всушност значи: „Ти сакаш да бидеш во врска со мене, но јас не сакам да бидам во врска со тебе“.

Залудно е да се бараат скриените причини. Единствено што можете е да ја прифатите новонастанатата ситуација и да тргнет епонатаму.

Сепак немојте нему/неа да му/и пронаоѓате изговори или себеси да се окривувате за раскинувањето. Секој бара идеален партнер за себе, а ако вие тоа не сте за него/неа, не се ни тие за вас.

„Мислам дека помеѓу нас нема хемија“

Со многу одбрани зборови „ми се допаѓаш, но нема хемија“, всушност ви зборува „добар си, но премногу бараш“. Доколку некој не е доволно загреан за вас, сè што барате ќе му биде премногу, ќе го оптеретува, ќе го гуши.

Најдобар начин да се носите со тоа е да се помирите со фактот дека не му се допаѓате. Наместо плачење излезете и уживајте со приајтелите.

„Извини што не се јавив“

Оваа реченица често значи „извини, но имав некои други обврски“ , а неретко и „бев зафатен со друга девојка“.

На првите изговори реагирате одлучно. Наместо да се правите дека е сè во ред, кажете му дека ви пречи неговата несериозност кога се јавувањата во прашање. Ако сакате само повремени дружења, тогаш таквото однесување нема да ви пречи, но ако сакате нешто повеќе, тогаш проблемот решете го во старт.

„Ми се допаѓа што си така опуштен, но...“

Ако девојката зборува дека и се допаѓате така опуштени, но бара некој поамбициозен, всушност сака да ви каже дека не заработувате доволно.

Во случај да се најдете во таква ситуација кажете дека навистина ви е жал што не ви оди, а сте можеле да уживате во куќа на море, или на скијање....

Ако после тоа сака да се смирите кажете и дека имате попаметна работа.

„Те сакам, но не сум повеќе зљубен во тебе“

Преведено значи: „Те сакам, но повеќе не ме привлекуваш, а помислата на секс со тебе ми стана одбивна“.

Невозвратената љубов најмногу боли и ова е една од најсуровите реченици за раскинување. Но, со време таа реченица ќе мора да ја прифатите.

„Во моментов не сум подготвен за врска“

Ова всушност значи: „Во моментов не сум подготвен за врска со тебе“. Партнерот кој ова ви го кажува не може да се замисли себеси со вас и сè што ќе добие во таа врска му е премалку.

Сочувајте го своето достоинство и без драма и испади, тој/таа не ги препознал вашите потенцијали.

„Ти сакаш повеќе од она што јас можам да ти го понудам“

Ти сакаш повеќе од она што јас сум спремен/а да ти го понудам е вистинското значење на оваа реченица. Оној што така ви зборува не е доволно заинтересиран за да остане со вас. Ако не може да ви го даде она што го барате, одлично, ви заштедил/а време.

„Мислам дека би било најдобро да бидеме пријатели“

Ако го слушнете ова, можете да бидете сигурни дека не го сака тоа. Во овој случај постојат две опции: или ќе сака да се слушне со вас, но само поради секс или повеќе воопшто нема да ви се јави. Доколку едната страна има подлабоки чувства, невозможно е да се создаде пријателство.

„Има доволно риби во морето“

Ако пријателите по раскинувањето ви речат дека има доволно риби во морето, всушност сакаат да ви кажат дека им е доста од вашето зборување за врската и од оправдувањето на партнерот кој редовно ве изневерува.

Оваа излитена фраза може да биде многу остра, особено ако некој кого го сакате ви го скрши срцето.

Вистинските пријатели нема да се послужат со овие зборови, туку ќе ви понудат утеха.

Би можело да ве интересира:

Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...
2 работи кои им се најважни на луѓето во љубовната врска (за да останат до крајот на животот) Ниту изгледот, ниту лудата авантура... Што е клучно за луѓето да бидат среќни и ...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...
15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg