„Го прашав маж ми зошто немаме водено љубов 8 години - неговиот одговор ме натера на развод“

„По разводот одеднаш мажите ме гледаа како атрактивна. Почнав повторно да се чувствувам како жената која бев на 20 години - самоуверена и полна со енергија...“

go-prashav-mazh-mi-zoshto-nemame-vodeno-ljubov-8-godini-negoviot-odgovor-me-natera-na-razvod-01.jpg

Вики Вилијамс (47) од Велика Британија откако осум години живеела без интимност, конечно го прашала сопругот: „Зошто не сакаш да имаме секс?“

Таа за магазинот „TheSun“ открива дека неговиот одговор ја шокирал: „Жени над 35 години не треба да бидат привлечни за мажите...“, ѝ рекол тој.

Оваа изјава го означила крајот на нивниот 19-годишен брак, но и почетокот на нејзиното сексуално будење.

Вики од Лондон, вели:

„Во првите 11 години нашиот брак беше среќен. Секој месец бевме интимни.

Но, кога наполнив 37 години, интимноста исчезна...“

Иако се обидувала да ја врати страста со романтични вечери и нова долна облека, ништо не помагало.

На крајот се откажала, чувствувајќи се непривлечно и несигурно.

„Го гледав сопругот во огледало - тој старееше, не изгледаше сјајно, но јас сè уште сакав да бидам интимна со него“, вели таа.

go-prashav-mazh-mi-zoshto-nemame-vodeno-ljubov-8-godini-negoviot-odgovor-me-natera-na-razvod-02.jpg

По разводот, Вики брзо почнала да добива внимание од разни мажи, кои почнале да ѝ се додворуваат.

„Одеднаш мажите ме гледаа како атрактивна. Почнав повторно да се чувствувам како жената која бев на 20 години - самоуверена и полна со енергија...“

На еден настан запознала маж на своја возраст, привлечен и полн со харизма.

„Нашата хемија беше неверојатна. Првиот бакнеж после девет години вредеше секоја секунда чекање“.

Неколку години подоцна, тие сè уште се заедно и, како што вели Вики: „Живеам како во романтична комедија споена со љубовен филм - после тешкиот период и ‘долгата пустина’, конечно се чувствувам посакувана“.

За својот поранешен сопруг Вики само кратко вели:

„Неговата нова партнерка е исто така над 35 години - се надевам дека си го сменил мислењето за повозрасните жени“.

Прочитајте и Дали е нормално да имате брак без секс?

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава